Мит или вистина – претераното вежбање може да ве здебели, наместо да ослабите?
Дали сте слушнале за исцрпеност на надбубрежната жлезда? Ова се случува кога вежбате премногу. Процесот може да доведе до здебелување, наместо слабеење, но најбитното што треба да го знаете е дека може да влијае врз здравјето.
Вежбањето со многу висок интензитет кое се одвива подолг временски период, особено во комбинација со стресот на работното место, приватниот живот и притисокот кој го чувствувате со цел да постигнете одреден физички изглед, можат да ја исцрпат надбубрежната жлезда.
Ова делумно се случува поради зголемување на кортизолот, односно хормонот на стресот кој предизвикува таложење на мастите во стомакот. Кога продолжувате со вежбање над своите капацитети, го менувате нивото на кортизолот.
Вашето тело веќе ја има исцрпено способноста и понатаму да вежба, а вие и понатаму го положувате на долгорочни и интензивни вежби. Овој процес ги исфрла хормоните од рамнотежа, предизвикува умор, лоши резултати, несвестица и пораст на телесната маса, особено во делот на стомакот.
Крајниот резултат е зголемување на телесната тежина. Вежбањето не претставува само „зајакнување на мускулите и губење на вишокот сало, односно масти“. Централниот нервен систем е регулиран од страна на сложен состав на хормони. Доколку ги исфрлите од баланс, ќе имате бројни проблеми.
За жал, претераното вежбање е тренд во пораст. Тоа го гледаме кај многу ентузијастички настроени фитнес тренери, но кога се работи за вежбањето – повеќе претставува само повеќе, не е и подобро.
Како да го спречите ова, а сепак да имате резултати?
Одберете вежбачка рутина која ги поддржува вашите цели. Држете се до правилото долго траење / низок интензитет или обратно кратко траење / висок интензитет.
Исто така, правете мало паузи помеѓу вежбачките серии, бидејќи на телото му треба момент да закрепне од сè она што му се случува во текот на физичкиот напор.
Колку вежбање е доволно?
Еден од актуелните митови е дека треба да вежбате толку многу, да се исцрпите до последниот здив и капка пот, со цел да видите резултати. Всушност, потребно е да имате 2-3 интензивни тренинзи неделно, во времетраење од 20 минути, за кои е најбитно да ги направите правилно.
Клучот кај доброто тренирање е во тоа што треба брзо да се поправите после тренингот. А тоа не се случува кога тренингот е премногу долг и премногу напорен. Ваквиот тренинг телото го доживува како стрес.
Луѓето постојано чувствуваат стрес поради брзиот начин на живот, и згора на тоа телото после напорниот тренинг не може да закрепне, што создава дополнителен стрес.
За закрепнување на телото потребно е доволно квалитетен сон и внес на хранливи нутритивни намирници. Дури тогаш може да очекувате добри резултати.
„Помалку е повеќе“, нека ви биде мотото кога станува збор за вежбање. Добриот концепт на тренинг подразбира 20 минути напорно, но квалитетно и правилно вежбање.
Да ги немаме сите тие дополнителни обврски и стресови во животот, секојдневниот тренинг можеби би бил и добра, пожелна работа. Но со ова темпо и овој стресен начин на живот, верувајте дека не е.
(О)Милена | Црнобело