Што се случува со вашето тело кога престанувате да вежбате или спортувате?
Денешното динамично секојдневие може да биде вистинска пречка за редовното спортување и одржување на кондицијата. Но, тоа не значи дека треба целосно да се откажете од активност.
Ако редовно сте спортувале, наглото откажување од тренинзите или правењето подолга пауза веднаш ќе се одрази на вашето тело.
Иако вам ви се чини незначајно, еве што всушност се случува со телото откако ќе престанете со тренинзи:
По 10 денови се менува мозочната активност
Редовното спортување или каков било облик на физичка активност има позитивни ефекти на целиот нервен систем, особено на памтењето.
Пауза во тренингот макар и на 10 денови ја менува работата на мозокот, особено во делот одговорен за памтење и емоции.
По две недели без спорт
По само 14 денови без физичка активност ќе забележите дека потешко се качувате по скали, не можете да пешачите подеднакво долго како претходно и веќе ја губите кондицијата.
Исто така, се намалува максималниот капацитет за внес на кислород, а во недостиг на рекреација, се нарушуваат и крвниот притисок и нивоата на шеќер во крвта.
Еден месец без спортување
По еден месец започнувате да го губите тонусот на мускулите. Олеснително во ова е што силата се губи бавно, па дури и по 3-4 месеци повторно ќе можете да кревате потешки предмети, но тоа ќе ви претставува малку поголема мака во споредба со времето кога активно трениравте.
По осум недели без физичка активност
Доволни се само два месеца, а некогаш и помалку, за повторно во вашето тело да почнат да се таложат масти и да се здебелите, особено во стомакот.
Мускулите во овој период се значајно заслабнати, а кондицијата е речиси целосно изгубена.
Поуката од овие факти е дека секогаш треба да го одржувате континуитетот во физичката активност. Запомнете, дури и краток тренинг од 15-20 минути е далеку подобар отколку никаков.
Е. Д. | Црнобело