Подгответе се за летната сезона со едноставни вежби за тенки раце и стегнати гради
Во сезоната на свадби секоја девојка сака да изгледа совршено и да го подготви телото за цело лето.
Секако, виснатите раце и гради не помагаат во тоа, а за да ги затегнете овие делови, не ви се потребни тешки вежби.
За среќа, не ви треба ни некоја посебна опрема, важна е само желбата и упорноста.
Во продолжение погледнете неколку вежби кои треба да станат дел од вашето секојдневие.
(Нема одредено ограничено времетраење на секоја вежба, но обидете се секоја од нив да трае барем 30 секунди).
Вежба 1
Застанете исправено со главата нагоре. Истегнувајте ги нагоре рацете наизменично, а кога раката ќе ви биде горе, стегнете тупаница, како кога би береле нешто од дрво.
Вежба 2
Раширете ги нозете во ширина на рамената и наведнете го телото нанапред, така што грбот ќе биде паралелно поставен со подот.
Опуштете ги и спуштете надоле рацете, а потоа нишајте ги лево-десно, притоа мрдајќи ја и главата во насока на рацете.
Вежба 3
Легнете на стомак и ставете ги рацете зад глава. Кренете ги градите од подот и дигнете ја главата. Обидете се да ги туркате лактите нанапред додека ја кревате главата, а стапалата држете ги споени на подот.
Вежба 4
застанете исправено и истегнете ги рацете нанапред со дланките поставени нагоре. Земете дебели книги или мали тегови. Раширете ги рацете настрана, а потоа вратете ги во почетна положба и повторувајте.
Вежба 5
Застанете исправено и опуштете ги рамената. Исправете ги рацете напред со дланките исправени и наизменично вкрстувајте ги рацете една врз друга – лева врз десна, па десна врз лева.
М. М. | Црнобело