5 јога пози кои ќе ви помогнат да се ослободите од токсичните навики

Јогата може да направи чуда од вашето тело и ум, па доколку се чувствувате во некоја монотонија, отруени од лоши навики и одлуки, време е да започнете со јога - предложуваме 5 пози кои ќе ве исчистат од негативната енергија и ќе ве натераат да си го промените животот. 

5_joga_pozi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_oslobodite_od_toksicnite_naviki_ednas_i_zasekogas_01.jpg

Сите си имаме понекоја лоша навика од која сакаме да се откажеме.

Без разлика дали се работи за преголеми грижи или едноставно сакате да се откажете од токсичните пороци, понекогаш може да изгледа како најтешката задача. Тука јогата стапува на сцена.

Како една од најстарите пракси за релаксација и одржување на витко и здраво тело, јогата може исто така да ви помогне да се ослободите од лошите навики и да водите поздрав живот.

5 јога пози кои имаат огромни бенифити за вашето здравје:

Downward Facing Dog (Adho Mukha Svanasana)

Оваа јога поза е една од најосновните и можеби првата која ќе ја совладате кога ќе започнете да посетувате часови по јога.

Без разлика дали сте почетник или професионалец, секогаш постои простор за подобрување.

Преку оваа одлична поза ќе добиете повеќе сила во мускулите на рацете, рамената и нозете како и поголема дисциплина и баланс во вашето тело и вашиот живот.

А тоа се и основите за отстранување на лоши навики.

Upward Facing Dog (Urdhva Mukha Svanasana)

Слично како и првата поза и оваа може да стане монотона по одредено време.

Но, доколку се трудите секогаш да ставате нови предизвици и да се предизвикувате себеси и вашето тело на постигнување на подобра форма, поголемо истегнување и се фокусирате на вашето дишење, тогаш тоа ќе ви помогне да постигнете огромни резултати.

Видливи на вашето тело и вашата ментална состојба.

Camel Pose (Ustrasana)

Оваа поза е доста енергична и ви дозволува да направите „рефреш“ после долгиот и напорен ден.

Доколку немате доволно време да извежбате јога преку ден, само да ја направите оваа поза може да почувствувате како целото тело се опушта.

Тоа ќе ви биде особено важно кога сте во период со огромен стрес и притисок и ќе ве натера да започнете и да ги применувате тие практики и во напуштањето на лошите навики.

Child's Pose (Balasana)

Една од наједноставните јога пози но, воедно и најважните. Кога и да почувствувате огромна количина на стрес и грижи само направете ја оваа поза.

Фокусирајте се на истегнување на мускулите покрај рбетниот столб и веднаш ќе почувствувате длабока релаксација. Оваа поза може навистина да направи чуда за одвикнување од лошите навики.

На пример доколку имате проблем со гризење на вашите нокти или кутикули само направете ја оваа поза и за брзо време таа лоша навика ќе ја замените со нова која ќе ви донесе среќа, релаксација и добросостојба.

Breath Of Fire (Kapalbhati)

Во основите на јогата се крие и правилниот начин на вдишување и издишување. За да ги добиете сите бенифиции од вашите јога вежби потребно е да се фокусирате на дишењето и вашата моментална ментална и физичка состојба.

Да бидете присутни во тој момент и да се фокусирате само на тоа што го правите односно на вашите јога вежби.

Тоа на почеток може да делува тешко но, со тек на време ќе забележите како станувате сè посмирени и порелаксирани.

А на тој начин и ќе започнете да заборавате на старите и лоши навики и ќе ги замените со корисни, здрави навики кои ќе може да ги применувате цел живот. 

Напомена: Доколку не сте вежбале никогаш и имате можност, најдобро е да се запишете на часови по јога кај професионалец, но можете и да се обидете со некое од овие видеа, со внимание. 

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg