Промени кои ќе му се случат на вашето тело ако одите на часови за танцување
Танцувањето е посебна уметност која со тек на време станува начин на живот, а на секого влијае исклучиво позитивно.
Многу луѓе знаат дека танцувањето е интересно и корисно хоби, но не секој има доволно мотивација и време за да го проба тоа на себеси.
Сепак, танцувањето има многу поголем бенефит од она што им е на сите познато.
Во продолжение погледнете кои се промените кои му се случуваат на телото ако почнете да практикувате редовно танцување, па можеби ќе се мотивирате:
Прв час
Уште по првиот час, психичката и емоционалната состојба на човекот се подобрува. За време на танцувањето, се лачи ендорфин – хормон на среќата, што има позитивно влијание на целокупната состојба.
Втор час
Дури и да не сте биле многу расположени, додека сте на час, се концентрирате на движењата и заборавате на сите останати работи и проблеми. Почнувате да си влевате самодоверба и се чувствувате многу подобро.
Од 2 недели до 3 месеци
Танцувањето се смета за кардиоваскуларна вежба, а активното танцување од 1 час може да биде еднакво на 1 час трчање.
Со танцувањето го тренирате срцето и ги подобрувате крвните садови, а ги зацврстувате мускулите и зглобовите.
По неколку недели ќе забележите дека телото станало поеластично, а бројката на вагата ќе ви покаже пријатно изненадување.
Од 3 до 9 месеци
Со редовното танцување, не само што ќе се чувствувате задоволно и пријатно, како и што ќе имате еластично и цврсто тело, туку тоа помага и при ослободување од стрес, како и за зајакнување на имунитетот, а со тоа ќе станете поотпорни и посилни.
1 година
Танцувањето е одличен начин да научите да го контролирате телото. Тешко е да се замисли танчар со искривено тело и лошо држење на телото.
Со усовршувањето на чекорите, ќе се приспособите на држењето на телото со исправен грб и затегнати мускули, па така ќе почнете и да се движите пограциозно и самоуверено.
5 години
Редовното танцување ќе ве научни вистински да ја слушате и чувствувате музиката.
Луѓето кои танцуваат развиваат чувство за ритам и добиваат вкус за уметност, а тоа влегува длабоко во секое поле од нивниот живот, што ги прави повнимателни и организирани.
10 години
Танцувањето ќе ве направи попаметни, бидејќи е докажано дека тоа влијае позитивно на когнитивните способности.
Динамиката која е потребна за носење брзи одлуки ќе ви отвори нови патишта и полесно ќе ги примате и обработувате информациите.
15 години
Танцувањето може да биде одличен лек за подобрување на циркулацијата на крвта во мозокот, што ги подобрува неговите функции и го штити од промени поврзани со стареењето.
Ова е одличен начин за заштита на здравјето и мозокот, па затоа треба да го практикувате за цел живот.
М. М. | Црнобело