На која справа во теретаната има најголем ризик да се повредите?
Затегнатиот грб и стомак се сон на секој човек, но кога одите во теретана не заборавајте прво добро да се загреете.
Теретаната е место каде се релаксирате, ги оставате сите ваши грижи и работите на своето тело.
Сигурно од десетиците справи кои ги има таму размислувате која е најефикасна за вас. Но, дали сте помислиле која е најопасна?
Верувале или не, тоа е лентата за трчање. Токму оваа справа е виновна за најголем број од повредите стекнати во теретаните.
Според податоците на системот US National Electronic Injury Surveillance System трчањето на лента е причина за едно од три патувања од теретана во болница.
Повеќето од овие повреди се изместувања и фрактури на коленото. Најчесто настануваат поради недостиг од соодветно загревање пред тренингот, како и преголемо форсирање на темпото.
Може да имате дури и пад од лентата за трчање, па да настанат и низа други повреди, затоа внимателно при практикувањето на оваа физичка активност наредниот пат кога ќе појдете во теретана.
С. С. | Црнобело