Како да го спречите брзото откажување од вежбање?

Земете неколкумесечно членство

Овој трик функционира на база на финансии. Ако веќе сте дале пари за неколку месеци однапред, сигурно нема да се откажете по првиот и залудно да ги потрошите парите. 

Но, тоа не значи и да претерате, па да се зачлените уште веднаш на 1 година. Најдобро е да се обидете со 3 месеци.  Ако веќе се навикнете да вежбате неколку месеци, потоа нема да ви биде никаков проблем да продолжите и по своја волја. 

kako-da-go-sprechite-brzoto-otkazhuvanje-od-vezhbanje-07.jpg

Подгответе ја торбата/ранецот однапред

Ова е ефективен трик за да не мора да измислувате оправдувања од типот дека немате време да се подготвувате, или дека ви ги нема патиките итн.

kako-da-go-sprechite-brzoto-otkazhuvanje-od-vezhbanje-09.jpg

Земете личен тренер

Добриот тренер ќе ви даде мотивација и нема да ви дозволи да го потрошите залудно времето додека сте на тренинг. Тоа ќе ве доведе до постигнување резултати, а резултатот ќе ви предизвика пријатно чувство, па ќе продолжите понатаму со исто темпо.

kako-da-go-sprechite-brzoto-otkazhuvanje-od-vezhbanje-10.jpg

Почастете се на крајот на месецот

После секој месец успешно вежбање, почастете се и купете си нешто за себе, без разлика дали тоа ќе биде здрав ручек, нова спортска облека, патики, торба или продолжување на членството!

kako-da-go-sprechite-brzoto-otkazhuvanje-od-vezhbanje-11.jpg

И конечно – заљубете се во себеси!

После сите овие трикови и волјата за добро тело и здрав живот, сигурно ќе постигнете одлични резултати, па конечно ќе можете да се засакате и да бидете посамоуверени!

kako-da-go-sprechite-brzoto-otkazhuvanje-od-vezhbanje-12.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg