Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)?

Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго можете да стоите на една нога? Овие едноставни тестови ќе ви помогнат да утврдите дали сте доволно фит за ваша возраст, но и дали сте изложени на ризик за сериозни болести.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-01.jpg

Дали поради немање време или некоја друга причина, многу луѓе ја запоставуваат физичката активност.

Но, ова не влијае само врз изгледот на телото, туку и врз целокупното здравје.

Ако долго време не сте биле физички активни, веројатно ве интересира дали сте доволно фит.

Следниве вежби, односно тестови ќе ви помогнат да откриете:

Седнување и станување од стол

Прекрстете и рацете така што со секоја дланка ќе го допирате спротивното рамо. Без да ги помрднувате рацете, седнувајте и станувајте од стол.

Треба да седнете и станете вкупно десетпати, а притоа бројте колку време ќе ви биде потребно да ја завршите вежбата.

Мажите на околу 55-годишна вежба кои се во добра форма треба да ја завршат вежбата за помалку од 18 секунди. Жените на иста возраст и во добра форма би требало да ја завршат вежбата за 19 секунди.

Мажите на возраст од 35-55 години треба да ја завршат за 13 секунди, а жените – за 15.

Ако резултатот ви е полош, значи не сте во добра форма.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-03.jpg

Брзина на одење

Изодете шест метри со вообичаена брзина на одење и бројте колку време ќе ви биде потребно.

Бројот шест поделете го со добиеното време, за да ја пресметате брзината на одење во метри во секунда.

Истражување спроведено во САД покажало дека оние кои одат побрзо се во подобра форма, и со тоа имаат подолг животен век.

Ако имате над 60 години, брзината на одење би требало да ви биде околу 0,8 метри во секунда.

Ако одите побрзо од 1 метар во секунда, поголеми се шансите да живеете подолго.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-04.jpg

Станете од подот, без помош

Застанете боси на рамна површина, па потоа седнете на подот со скрстени нозе. Пробајте да не се придржувате за ништо. Потоа пробајте да станете со што е можно помалку помош.

Односно, избегнувајте да се придржувате за што било. Идеално би било да седнете и станете без воопшто да си помогнете со рацете

Овој тест е направен според истражување во кое учествувале над 2.000 испитаници.

Резултатите покажале дека луѓето постари од 50 години кои морале да ги искористат двете раце за да седнат и станат од подот имале поголеми шанси да се соочат со сериозна болест во блиска иднина, за разлика од оние кои станале без никаква помош.

Овој тест помага да ја оцените флексибилноста, како и рамнотежата и моторичката координација.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-02.jpg

Колку склекови можете да направите?

Според истражување од 2019-та, испитаниците кои можеле да направат повеќе склекови имале помал ризик од проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Ако правите помалку од десет склекови одеднаш, дефинитивно не сте во најдобра форма.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-05.jpg

Качување скали

За оваа вежба, треба да искачите 60 скалила и да броите колку време ќе ви биде потребно за тоа.

Според истражување, луѓето на возраст од 50-тина години треба да ги искачат за помалку од една минута. Ова значи дека се во добра форма, како и дека здравјето на срцето им е добро.

Ако ви треба повеќе од една и пол минута, препорачливо е да почнете да вежбате.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-06.jpg

Стоење на една нога

Застанете боси на рамна површина. Едната нога треба да ви стои цврсто на земјата. Стапалото од другата нога треба да го поставите зад ногата која ви стои на земјата (како на фотографијата подолу).

На крај, испружете ги рацете странично.

Целта е да останете во оваа положба што е можно повеќе.

Според истражување, луѓето кои не можеле да стојат ни две секунди во оваа положба, биле изложени на поглем ризик од проблеми со здравјето.

Доколку можете да стоите десет и повеќе секунди, помала е веројатноста да се соочите со проблеми со здравјето во наредните 10-тина години.

proverete-sami-dali-ste-dovolno-fit-za-vasha-vozrast-i-kolkav-vi-e-rizikot-od-seriozni-bolesti-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg