Како да изгледате повисоки за само 1 недела?
Прво ќе си речете, како е возможно да пораснам кога досега не пораснав?
Тајната е во истегнувањето на мускулите и доброто држење на телото. Па така, ништо не е невозможно.
Висината дури се зголемува и кога спиеме. Со спиењето на грб може да се извишите за 5 mm.
Сепак, најпродуктивниот и ефективен начин е преку вежбање.
Што поточно да правите?
Возете велосипед, но со истегнати нозе на педалите.
Тегнете се и висете на држачи.
Стојте на раменици, а нозете нека ви бидат скоро под агол од 90 степени.
Ова е одлична вежба за ‘рбетот и држењето на телото. Легнете на рамна површина и главата туркајте ја наназад колку можете, како на илустрацијата.
Навалувајте се нанапред, додека не го допрете подот со дланките.
Скокајте на јаже.
Правете мост со потпирање на рамениците.
Пливајте.
М. Д. | Црнобело