6 едноставни вежби со кои вратот конечно ќе престане да ве боли
Болката во вратот е пречеста болка, која дури почнуваме да ја игнорираме.
Најчесто се појавува заради неудобно седење на работното место, долго седење пред компјутер или едноставно – комбинација на замор и стрес.
За да го решите овој проблем ќе ви треба само 5-минутна пауза на работа.
За тоа време направете ги овие вежби:
Прва вежба
Рамениците држете ги исправено. Само вратот искривете го на десно додека не почувствувате затегање. Задржете 2 секунди.
Вратете ја главата во исправена положба, па малку наклонете се надолу. Исправете.
Потоа истото искривување повторете го на левата страна. Повторувајте 10 пати.
Втора вежба
Допрете ја брадата со рацете како на сликата. Со рацете притискајте нежно нагоре, а главата туркајте ја надолу.
Потоа благо поттурнете ја главата наназад до каде можете. Повторувајте 10-20 пати.
Трета вежба
Спојте ги рацете и ставете ги на тилот. Главата туркајте ја наназад, а рацете нанапред.
Еднаш дозволете им на рацете да „победат“ и помрднете ја главата нанапред, а потоа дозволете главата да „победи“, односно вратете ја главата наназад.
Повторете 10-20 пати.
Четврта вежба
Со благ напор турнете ја главата на едната, па на другата страна. Вратот нека се противи на напорот, но сепак нека биде послаб од оној на рацете.
Повторете 10-20 пати.
Петта вежба
Ова е најлесната вежба, треба само да го свиткате вратот до каде можете и да останете во таа положба 20-30 секунди.
Потоа вратете се на другата страна и повторувајте 3 пати.
Шеста вежба
Всушност, ова е повеќе масажа. Треба да го масирате вратот 3-5 минути со благо притискање. Така ќе се ослободите од тензијата.
М. Д. | Црнобело