До рамен и затегнат стомак во сопствениот дом: 5 најдобри видео упатства
Подготовките за летните одмори се во полн ек, но дали и изгледот на вашето тело го доведовте до совршенство за самоуверено да го облечете минималистичкото тренди бикини, кое го видовте во излогот пред некој ден?
Доколку разочарано мрдате со главата во форма на негација, тогаш го имаме совршеното решение за вас. И наместо да гледате фотографии од девојки со извајани стомачни мускули на Инстаграм, време е да станете од креветот и да преземете акција.
Но, дали знаете дека стомачните мускули се всушност сосема површни во големата слика на работите? Многу поважно е прво да го зајакнете трупот затоа што на тој начин ќе ја подобрите изведбата на сите вежби, а не само на оние за затегнати стомачни мускули.
„Во средишниот дел од телото има многу различни мускули кои остануваат потценети. Стомачните, за кои сите зборуваат, може дури и да се наречат „мускули огледало“, бидејќи тие се оние што можете да ги видите во огледалото. Одлично е да се има видлива дефиниција, но всушност има мускули многу подлабоко на кои треба да работите за да имате подобро изведба на сите вежби и подобри резултати“, советува фитнес тренерот Џослин Томпсон Рул.
Сега во зависност дали имате слободни 3 или 10 минути, одберете едно од овие видео упатства. Вежбајте во вашиот дом и со помош на овие инструкции зајакнете го трупот и затегнете ги стомачните мускули.
3-минутно вежбање
3-минутно вежбање
https://www.youtube.com/watch?v=GX184i8C4pY
7-минутно вежбање
8-минутно вежбање
10-минутно вежбање
С. С. | Црнобело