Дали специјалните хеланки за фитнес ги подобруваат резултатите и ефектите од вежбањето?

Доколку практикувате каква било физичка активност, многу е веројатно дека барем еднаш во животот сте облекле специјални хеланки за вежбање. Да не се лажеме, нивното облекување е физичка активност сама по себе.

Dali-specijalnite-helanki-za-fitnes-gi-podobruvaat-rezultatite-i-efektite-od-vezbanjeto-01.jpg

Тие се многу поцврсти за разлика од обичните хеланки, изработени од специјален материјал под притисок, односно со компресија или набивање на текстилот.

Оттука, многумина сметаат дека ваквите хеланки ги држат нозете „на место“, ја зголемуваат физичката издржливост, го прават вежбањето поправилно, или пак, помагаат во согорување повеќе калории.

Еве една лоша, но вистинита вест: Хеланките немаат никаква врска со брзината или издржливоста при вежбањето.

Новото истражување спроведено при Медицинскиот центар Векснер на Државниот универзитет во Охајо, САД, потврди дека „стегањето“ на нозете во специјални хеланки за вежбање, не го подобрува разултатот, ниту ефектите од вежбањето. Напротив, не прават апсолутно никаква разлика, па може да си се вратите на старите удобни памучни хеланки.

Најголемата заблуда досега беше дека специјалните хеланки оневозможуваат нозете да „вибрираат“ додека трчате или вежбате, а тој процес автоматски му пружа на телото повеќе енергија за трошење.

Со цел да ја потврдат или одбијат теоријата, истражувачите поставиле 20 луѓе на лента за трчање. Едниот ден трчале во специјалните фитнес хеланки, а другиот во обични шорцеви.

Потврдено е дека специјалните хеланки навистина го намалуваат импулсот на вибрации кои го оддаваат мускулите, но тоа нема никаква врска со енергијата, брзината или потрошените калории.

Специјалните фитнес хеланки можеби навистина даваат некој вид потпора, помагаат во циркулацијата и несомнено во нив изгледате подобро и позгодно.

Но, доколку очекувате магично да ви го обликуваат телото или да ви дадат повеќе енергија, не трошете си ги парите залудно на скапи фитнес хеланки.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg