Колку чекори треба да правите во текот на денот за да ослабете?
Одењето, односно пешачењето, докажано е наједноставниот начин на кој можете да ослабете, да си го подобрите здравјето и расположението.
Но, дали знаете колку чекори треба да направите за да ослабете?
Едно истражување покажува дека жените кои во просек прават по 3.520 чекори на ден (околу половина час пешачење) изгубиле повеќе од два килограми во текот на една година, без да ги менуваат прехрамбените навики.
Па, кој е просечниот број на чекори кои можете да ги направите додека одите или работите некои домашни обврски и како можете да дојдете до просекот за слабеење?
1. По минути
1 минута = 118 чекори
10 минути = 1.180 чекори
30 минути = 3.540 чекори
60 минути = 7.080 чекори
2. По километри
1,6 километри = 2.000 чекори
4,8 километри = 6.000 чекори
8 километри = 10.000 чекори
12,9 километри = 16.000 чекори
3. По домашни работи
Пазарење = 67 чекори
Бришење на под = 101 чекор
Чистење со правосмукалка = 94 чекори
Работа во градина = 89 чекори
Совет: Малите промени во секојдневието можат да ви помогнат да го зголемите бројот на чекори кои ги правите во текот на денот. На пример, обидете се да пешачите по скали, наместо да се качувате во лифт или да пешачите до работа наместо со автомобил.
Н. Г. | Црнобело