Блескав дом, витко тело: Колку калории трошиме во тек на пролетното чистење?

Наместо во теретана и со гладување, килограмите може да ги стопите и со редовното сезонско чистење на ентериерот, дворот и покуќнината. Идеално сценарио, нели?

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-1.png

Не го сакате чистењето на домот? Не сте единствени, со сигурност. Но, постојат повеќе причини поради кои постојаното чистење е здраво за телото и умот, а една од нив е и фактот што претставува одлична физичка активност.

Знаете ли дека со миење на прозорците, рибање на кадата, преместување на мебелот и движење низ домот додека ја чистите прашината, трошите стотина калории за само половина час? Летото е сè поблизу, а вежбите за тело се секогаш добредојдени, особено во овој облик.

Во продолжение, ви откриваме колку точно калории се трошат со 30-минутно извршување на 15 вообичаени домашни обврски (кај обата пола):

1. Метење на подот

Мажите трошат: 102 калории | Жените трошат: 87 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-2_copy.png

2. Чистење со правосмукалка

Мажите трошат: 111 калории | Жените трошат: 94 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-3.png

3. Чистење на прашината

Мажите трошат: 66 калории | Жените трошат: 57 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-4.png

4. Миење на садовите

Мажите трошат: 58 калории | Жените трошат: 49 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-5_copy.png

5. Исфрлање на ѓубрето

 Мажите трошат: 58 калории | Жените трошат: 57 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-6.png

6. Средување на спалната соба

Мажите трошат: 223 калории | Жените трошат: 189 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-7.png

7. Рибање на кадата

Мажите трошат: 124 калории | Жените трошат: 106 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-8.png

8. Миење на прозорците

Мажите трошат: 149 калории | Жените трошат: 126 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-9.png

9. Преместување на мебелот во дневната соба

Мажите трошат: 221 калории | Жените трошат: 189 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-10.png

10. Метење на влезната патека

Мажите трошат: 133 калории | Жените трошат: 113 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-11.png

11. Перење на автомобилот

Мажите трошат: 89 калории | Жените трошат: 76 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-12.png

12. Наводнување на растенијата

Мажите трошат: 66 калории | Жените трошат: 57 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-13.png

13. Косење на тревникот

Мажите трошат: 199 калории | Жените трошат: 170 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-14.png

14. Отстранување на плевелот

Мажите трошат: 155 калории | Жените трошат: 132 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-15.png

15. Складирање на зимската облека

Мажите трошат: 354 калории | Жените трошат: 302 калории

bleskav-dom-vitko-telo-kolku-kalorii-troshime-vo-tek-na-proletnoto-chistenje-16.png

Пресметките на збирот ви ги препуштаме вам, зависно од времетраењето и типот на „вежби“ кои ги практикувате по дома.

Сами или во двојка, засукајте ги ракавите и започнете со „тренинг“ уште веднаш. За блескав дом и витко тело!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg