Една вежба која ги топи мастите и ви го подобрува држењето на телото
Сезоната за подготовка на телото за на плажа е отворена! А, ова е најлесната вежба со која можете да почнете да се стегнувате.
Обратниот склек е идеална вежба од повеќе причини:
- Ги затега задникот и бутовите, со помалку напор.
- Го подобрува метаболизмот, односно го забрзува.
- Го подобрува и држењето на телото, ве исправа, посебно ако имате канцелариска работа.
- Ослободува од болките и грчевите во грбот. Практикувајте ја барем 3-4 пати во неделата и ќе забележите олеснување на болките.
- Го стега и израмнува стомакот. А, е многу полесна од стомачните вежби.
Како да го изведете обратниот склек?
Седнете на земја. Исправете ги нозете. Дланките ставете ги во линија со задникот и раширете ги за да имате стабилност.
Торзото подвиткајте го под агол од 45 степени во однос на подот. Подигнувајте го задникот, потпирајќи се на рацете и петите.
Стегајте ги сите мускули додека телото ви се поткрева. Останете во таа позиција 15 до 60 секунди, колку можете да издржите.
Вратете се во почетната положба. Повторувајте колку повеќе можете.
М. Д. | Црнобело