Може ли тренинг од 10 минути да даде исти резултати како оној од 45?
Распоредот ви е преполн со обврски и изгубивте секаква надеж дека некогаш ќе успеете да издвоите време за теретана. Но, треба ли да бидете загрижени за својата линија?
Одговорот е НЕ, бидејќи и со малку време можете многу да постигнете, ако добро ги испланирате, а квалитетно ги искористите минутите кои ги имате на располагање.
Истражувањата покажуваат дека со тренинг од само 10 минути, вклучувајќи една минута вежби со висок интензитет, може да се дојде до исти здравствени придобивки за организмот, како и со 45-минутниот тренинг со умерен интензитет.
Доколку овој податок ве изненадува и не ви е јасно како е тоа можно, одговорот пристигна во неодамна објавената книга „The One-Minute Workout: Science Shows a Way to Get Fit That's Smarter, Faster, Shorter“. Авторот на книгата, професорот Мартин Гибала, е претседател на Одделот за Кинезиологија при Универзитетот McMaster и пионер во истражувањата на кратките тренинзи.
„Во главата имаме идеја дека добриот тренинг мора да трае барем еден час. Моите истражувања покажуваат дека тоа е чиста глупост.“ – тврди Гибала.
Како треба да изгледа тренингот?
Во продолжение, ви откриваме и еден од неговите предлози за десетминутен тренинг. Наменет им е првенствено на поединците кои сакаат да го подобрат своето кардиоваскуларно здравје.
- Загрејте се некоја лесна физичка активност во траење од 3 минути.
- Зголемете го интензитетот со брз спринт од 20 секунди.
- Здивнете со полесна активност во траење од 2 минути.
- Уште еднаш, зголемете го интензитетот со спринт од 20 секунди.
- Одново, продолжете со 2 минути полесна физичка активност, па спринт.
- На крајот, искористете ги последните 2 минути за релаксација.
Спринтот можете да го замените и со било која друга интензивна физичка активност што го зголемува бројот на отчукувања на срцето.
М. А. | Црнобело