Ако не ви сте трча, одберете жешка купка - трошите исто калории
Почнавте да се подготвувате за летото и костимите за капење? Тоа значи дека решивте да трчате на кеј? Според научниците, можеби и не треба да го правите тоа.
Доктор Стив Фокнер, истражувач од Универзитетот „ Loughborough“, вели дека жешката купка има сличен, ако не и ист, ефект и придобивки како трчањето (меѓу другото штити од дијабетес тип 2).
Според него, иако жешката купка се користи за релаксација, пасивното греење на телото го подобрува здравјето повеќе отколку што очекуваме.
Доктор Фокнер и неговиот тим истражувале какви ефекти има жешката купка на контролата на шеќерот во крвта и колку калории се согоруваат. Истражувањето било направено на две групи од по 14 луѓе. Првата група уживала во жешка купка, а другата група возеле велосипед 60 минути.
Двете групи биле дизајнирани така на сите внатрешната температура да им се загрее за само еден степен, а потоа да се мерат согорените калории.
Возењето велосипед довело до согорување на повеќе калории, ама откриле дека жешката купка е исто како 30 минути да сте пешачеле.
И во двете ситуации шеќерот во крвта бил еднаков.
Според Фокнер, како и вежбањето, така и жешката купка е доста важна за одржување на здравјето, бидејќи спречува појава на хронични воспаленија во организмот кои посебно ги добиваат лицата кои имаат дијабетес тип 2.
Па, ако денес не ви се пешачи или вежба, можете да уживате во жешка купка или пак, можеби и двете?
Н. Г. | Црнобело