8 работи кои ви се случуваат кога вежбате, покрај слабеењето

 Сите знаеме дека со вежбање трошиме калории, но кои се другите причини кои ќе ве натераат да почнете да вежбате освен намалувањето на тежина? 

8-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-koga-vezbate-pokraj-gubenjeto-na-kalorii-001.jpg

Еве неколку позитивни причини да почнете со вежбање денес:

1. Се зајакнуваат коските

Кога станува збор за вашите коски, вежбањето може да ви помогне на повеќе начини. Дури и најсекојдневните работи како пешачење или качување по скали, помагаат во зајакнувањето на вашите коски.

Играњето тенис, трчањето па дури и танцувањето стимулираат раст и зајакнување на вашите коски. Не мора да користите теретана и тегови, всушност за најоптимални резултати користете ја тежината на вашето тело при вежбање.

2. Се намалува ризикот од смртни заболувања

Кога вежбате си го подобрувате целокупното здравје. Се подобрува здравјето на срцето, се намалува ризикот од напади на астма, се намалува ризикот од појава на дијабетес или било какви хронични заболувања.

3. Ви се подобрува расположението

Вашето расположение многу брзо се менува кога ќе почнете да вежбате. Тоа е така бидејки кога вежбате вашето тело ослободува ендорфин. А, како што веќе знаете, ендорфинот е заслужен за вашето подобрено расположение.

4. Ви се зголемува енергијата

Кога вежбате, ја подобрувате циркулацијата на крвта во вашето тело, се подобрува дишењето и целокупната работа на вашите внатрешни органи. Тоа е причината зошто кога вежбате не се чувствувате уморно како обично и имате повеќе енергија за другите активности во текот на денот.

5. Се подобрува меморијата

Редовното вежбање го зголемува хипокампусот, делот од вашиот мозок кој е одговорен за меморија и учење. Хипокампусот се намалува во староста и тој е најчесто причината зошто старите луѓе страдаат од лошо памтење.

Колку повеќе вежбате, толку повеќе го намалувате ризикот да страдате од некоја болест поврзана со губење на меморијата во староста.

6. Се подобрува спиењето

Вежбањето го подобрува спиењето на тој начин што го намалува стресот и го уморува телото и затоа полесно заспивате навечер. Кога сте доволно уморни од физичка активност, многу е полесно да имате квалитетен сон, отколку да седите залепени за телефонот или телевизорот до доцна навечер и психички да се оптеретувате со актуелни вести.

7. Мазна и млада кожа

Зголеменото присуство на воздух и нутритивни вредности до вашата кожа и подобрената циркулација, помагаат на кожата да гради колаген, кој на вашата кожа и дава еластичност.

8. Поцврсти и поголеми мускули

Независно дали сакате да имате мускули за да изгледате подобро или да го подобрите метаболизмот и да бидете посилни, правилното вежбање со тежина ќе ги зголеми и зацврсти вашите мускули, а вие ќе го добиете изгледот кој го посакувате.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg