Техника од 2 минути со која ќе имате рамен стомак каков што посакувате
Сите знаеме колку е тешко да се ослободите од вишокот масти, посебно ако се наталожени во делот на абдоменот.
Ако немате брз метаболизам и ниту една диета не ви помага, обидете се со оваа лесна и кратка техника која ветува решавање на проблемот.
Се работи за масажа која треба да ја правите секој ден по двапати. Има за цел да направи внатрешни вежби и раздвижувања во стомакот и помага при детоксикацијата.
Разберете дека оваа метода не е магија и сама по себе ќе направи стомакот да исчезне, туку треба да ја комбинирате со соодветна исхрана и активности. Од лежење на каучот и масирање, нема да го намалите обемот.
Избегнувајте да ја користите оваа техника ако:
- Штотуку сте изеле обемен оброк
- Ако имате воспаление на мочните канали или камења во бубрезите
- Ако сте бремени
- Ако имате хипертензија, односно висок крвен притисок
- Ако имате хернија (кила)
Инструкции:
Легнете на грб, на рамна површина.
Загрејте ги рацете триејќи ги една од друга.
Ставете една рака на папокот.
Почнете нежно да притискате и да правите кругови во насока на стрелките од часовникот, околу папокот. Потоа постепено зголемувајте ги круговите. Секој круг треба да го правите од 1 до 2 секунди.
Правете го ова 2 минути, односно направете околу 40-50 кругови.
Важно е стомакот да ви биде загреан додека ја правите масажата.
Дополнителни придобивки од оваа техника се подобрување на циркулацијата, поттикнување на метаболизмот и подобрување на варењето.
М. Д. | Црнобело