Вежби со кои ќе изгледате одлично кога сте голи
Убаво обликуваното тело е сон на секоја жена, но сепак за да се оствари тоа треба да се вложи време и труд.
Секојдневната физичка активност е од клучно значење доколку сакате да имате убаво тело, а секако тука е и правилната исхрана.
Следниве вежби, кои можете да ги правите и дома, ќе ви покажат како да обрнете посебни внимание на проблематичните делови и да го добиете телото кое секогаш сте го сакале.
1. Совршено заоблен задник
Кренете ја ногата под прав агол и спуштете ја но без да го допирате подот. Направете по 3 серии од 10-15 повторувања со секоја нога.
Стегнете ги стомачните мускули и кренете го задникот и колковите од подот. Останете во оваа положба неколку секунди и спуштете се на подот. Направете 3 серии од 15 повторувања.
2. Цврсти гради
Наместете се во положба за склекови и издишете како што се спуштате надолу, а вдишете како што се кревате нагоре. Ако ви е тешко да се држите на прстите на нозете, обидете се да ја направите вежбата стоејќи на колена.
Легнете со раширени раце и како што вдишувате полека кревајте ги рацете нагоре, свиткувајќи ги во лактите. Со издишување вратете ги во почетна положба.
3. Потенок струк
Земете длабок здив и кренете го горниот дел од телото наизменично вртејќи се кон едното и другото колено. Направете по 3 серии од 10-15 повторувања на секоја страна.
Легнете на страна одржувајќи се на лактот. Како што вдишувате кренете ја горната рака и нога и префрлете ја преку главата. Останете во оваа положба 15 секунди. Направете пауза и повторете по 5 пати на секоја страна.
4. Потенки нозе
Чучнувањата се одличен начин за оформување на нозете. Наведнете се колку што можете, но притоа водете сметка колената да излезат пред стапалата. Направете 2 серии по 10-15 повторувања.
Легнете на подот и подигнете ја ногата за да дојде до прав агол со телото. Потоа направете го тоа со другата. Направете по 15 повторувања за секоја нога.
5. Обликувани раце
Земете столче на кое ќе ги потпрете рацете. Клекнете и станете, без да седнувате на подот, одржувајќи ја положбата на рацете. Направете 2 серии по 10 повторувања.
Земете длабок здив и од дадената положба кренете ги теговите во страна така што рацете ќе застанат во права линија. Издишете, направете мала пауза и вратете ги рацете во првичната положба. Направете 10-12 повторувања.
М. С. | Црнобело