Забавен, интензивен тренинг: 50 различни начини на прескокнување јаже (видео)
Прескокнувањето јаже, само по себе е многу интензивна активност – вашите раце наметнуваат темпо кое на нозете не им е баш едноставно да го следат. Прескокнувањето јаже е токму како возење велосипед – тоа не се заборава и скоро да нема личност која не пробала да го прескокне.
Сепак, доколку тоа не ви била вообичаената активност кога сте биле дете, денес е вистинското време да започнете активно со оваа интересна активност, особено ако се борите со вишок масни наслаги.
Не сте сигурни дека ги знаете основните начини на прескокнување јаже? Доколку досега не сте ја совладале правилната изведба на ваквиот тренинг, тоа никако не треба да ве загрижува, бидејќи сѐ уште не е доцна да научите.
Важно е да се нагласи дека прескокнувањето јаже освен што согорува голема количина енергија, има уште една значајна предност која се однесува на фактот што овој тренинг може да го правите било каде и во било кое време.
Постојат дури 50 можни начини како да прескокнувате јаже, а за некои од нив сигурно не сте ни чуле дека постојат. Во секој случај, ваквиот тренинг не би требало да ви биде досаден, а ова видео ќе ви покаже како да го направите тренингот уште поинтересен:
С. С. | Црнобело