Најмускулестата и најзгодна баба во светот вежба на 80 години (фото)
Многумина се канат дека ќе почнат со вежбање и здрав живот од „идниот понеделник“. За разлика од вас, оваа бабичка не знае што е мрзливост.
Запознајте ја Ернестин Шеперд, 80-годишната бабичка која сè уште крева тегови и трча маратони. Нејзиното тело е подобро оформено од некои 30-годишни жени.
Заедно со нејзината сестра, тие се зависнички од аеробик и вежбаат како професионални бодибилдерки. Во 2010-та година, Ернестин дури влегла во Гинисовата книга на рекорди како најстарата женска бодибилдерка.
Секој ден го започнува со медитација, а потоа трча. Ернестин има личен тренер кој и препорачува заспивање најдоцна во 22 часот и диета која вклучува многу ориз, бело пилешко месо, ореви, овесна каша и јајца. Секако, и големи количини вода.
Жена која го менува поимот 80 години:
М. Д. | Црнобело