Тренинг пред одмор: Најефикасна јога поза за уништување на целулитот
Незадоволни сте од изгледот на вашиот бутови и задникот? И покрај тоа што внимавате на исхраната и вежбате, целулитот и понатаму е присутен?
Јогата е еден од начините со кои можете да го промените сето ова. Покрај тоа што таа е корисна за опуштање и истегнување на телото, едно истражување спроведено на универзитетот Харвард покажало дека јогата е најефикасен начин за подобрување на протокот на лимфа, елиминација на токсините и намалување на задржувањето на течности во телото.
Јогата, исто така, води кон поголема флексибилност, кожата станува поеластична и поблескава, а истовремено доаѓа и до подобро дефинирање и зголемување на мускулите, со што телото се подмладува и станува многу повитално.
Доколку сето тоа се комбинира и со правилен режим на исхрана, на вашето тело нема да остане ни грам целулит.
Иако постојат повеќе пози кои помагаат во борбата со целулитот, ова е најефикасната:
1. Раширете ги нозете во ширина на рамената.
2. Ставете ги рацете на колковите, свиткајте ја десната нога во коленото и подигнете ја нагоре.
3. Со лесни движења, 20 пати турнете со петата кон таванот.
4. Кога ќе завршите со подигнување на петата нагоре, со десната рака фатете го десниот скочен зглоб.
5. Повлечете ја ногата колку што можете повеќе нагоре, истовремено подигнувајќи го горниот дел на телото и левата рака во висина.
6. Во таа положба останете 20 секунди, водејќи сметка за правилно дишење.
Длабокото ритмично дишење при изведување на положбите ја поттикнува хормоналната рамнотежа и донесува поголема количина кислород во телото, кој е неопходен во борбата за согорување на масните наслаги.
Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата со другата нога.
М. С. | Црнобело