Елиминирајте ги „свадбарките“: 3 вежби за затегнати раце и раменици
Иако целулитот е дефинитивно број 1 кога станува збор за недостатоците на жените, веднаш зад нив се наоѓаат и т.н. „свадбарките“.
Но, на опуштените надлактици им се ближи крајот со овие 3 едноставни вежби со кои вашите раце и раменици ќе изгледаат убаво и затегнато.
Прва вежба
Седнете на под и поставете ги рацете зад грбот.
Свикајте ги нозете кај колениците и потпрете се на стапалата.
Подигнете се на раце и стапала и подигнувајте го и спуштајте го задникот.
Повторете ја вежбата 7 до 12 пати во 3 серии со паузи.
Втора вежба
Легнете на стомак и наместете се во положба за склекови.
Испружете ги рацете и потпрете се на дланките, а на нозете со врвот од ножните прсти.
Додека сте во положба на склек, спуштете се на левиот, а потоа на десниот лакт и веднаш вратете се во почетната положба.
Повторете ја вежбата 7 до 12 пати со двете раце во 3 серии со паузи.
Трета вежба
Застанете исправено со раширени нозе во ширина на колковите.
Виткајте се нанапред и пред стапалата со дланките потпрете се на подот.
Одете на раце кон напред и постепено спуштајте се во положба за склек, а рацете оставете ги прави.
Со левата рака допрете го десното рамо, а потоа со десната рака левото рамо.
Повторно одејќи на раце, вратете се наназад во првобитна положба.
Повторете ја вежбата 7 до 12 пати во 3 серии со паузи.
Ако нешто од наведеното не ви беше јасно, еве видео со детален опис на наведеното, но и дополнителни вежби кои може да ги правите за да ги затегнете рацете и рамениците.
С. С. | Црнобело