Интервју со Нина Ангеловска - „Не барајте изговори - Just do it“

Скопје, (07.10.2015)  Генералниот менаџер на првиот веб сервис за групно онлајн купување во Македонија (Grouper.mk), Нина Ангеловска е пример за успешно водење на бизнис и здрав начин на живот. Нинa смета дека со добра организација секој има време за се, а останатото се изговори. Покрај редовното спортување и здравиот начин на исхрана, ја препорачува NT+C апликацијата која нуди одлична можност за секој: креирање лична програма, голем избор на тренинзи со различни цели и слобода да се вежба било кога од било каде.

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-01.JPG

Дали твојата работа бара да бидеш во добра физичка подготвеност и дали вежбањето е дел од твоето секојдневние?

Вежбањето го практикувам пред се за себе, а воедно и затоа што ми помага да бидам полна со елан и енергија за работа. Вежбам 4-5 пати неделно и на вежбањето гледам како на активност која психички ме опушта и ми помага да се ослободам од било каков стрес. После вежбање сум полна со енергија за да се вратам на работа.

Дали успеваш редовно да тренираш со оглед на обемните професионални обврски?

Моето мото е дека "со добра организација секој има време за се", останатото се изговори! Успевам да вежбам редовно, со тоа што некогаш тоа го правам наутро пред работа, но најчесто вежбам по работа, без разлика дали е тоа 18,19 или 20ч. Ако знам дека ќе останам на работа до доцна навечер, се организирам да го почнам денот со фичика активност.

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-02.JPG

Со оглед на тоа што некогаш не стигнуваш на редовен тренинг, дали ги правиш вежбите што ги нуди N+TC апликацијата?

Да редовно ги користам апликациите на Nike: Nike Running кога трчам и NikeTraningClub кога вежбам. Бидејќи често патувам NTC е супер апликација за секаде. Си носам мој личен тренер во џеб и можам било каде да имам тренинг по моја желба бидејќи апликацијата нуди голем број на различни тренинзи зависно од целите кои се сака да се постигнат, времето кое го имаме на располагање и сл. Ако вежбам негде надвор од опремена просторија за вежбање на пример бирам тренинг кој не вклучува дополнителни реквизити.

Кои совети од апликацијата повеќе ги користиш, оние од професионалните спортисти или оние кои ги нудат познатите личности како Џеси Џеј (Jessie J)?

Професионалци дефинитивно!

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-03.JPG

Кој е твојот рецепт за одржување на линијата?

Вежбање и здрава исхрана. И тоа не комбинација на двете краткорочно за постигнување на некоја цел како плажа, свадба и сл. туку комбинација на двете како начин на живот.

Кои се твоите омилени места во Скопје за тренинг на отворено?

Кеј и Водно.

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-04.JPG

Кој е твој омилен начин на рекреација?

Ако земам во предвид што најмногу практикувам омилени би рекла дека ми се cross fit тренинзите, трчање и планинарење. Ама во последно време некако омилено ми станува и возење точак до Средно Водно, а повремено рекреативно играм и тенис за промена. Мислам дека е многу важно да се комбинираат повеќе активности со цел да се активираат различни мускули, а покрај тоа мала е шансата да ви здосади една конкретна активност.

Дали повеќе сакаш да вежбаш дома или во фитнес сала?

Помеѓу дома и фитнес сала би одбрала надвор :) Немам посебна преференција и двете си имаат свои предности, пример дома го имам комодитетот и вежбам кога сакам да вежбам сама, во фитнес сала е друго искуство зошто покрај вежање има и социјален момент на дружење, а надвор ми е најубаво за разбистување на мисли, и за сама и за со друштво зависно од расположение.

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-05.JPG

Дали мислиш дека N+TC апликацијата може да влијае повеќе девојки и жени да се занимаваат со спорт, со оглед што дека ги олесува условите за вежбање (може да се вежба било каде, бесплатна е...)?

Дефинитинво! Се што е потребно е волја, решителност и организација. Сепак треба време за да се "навлечете" на спорт и тоа да ви стане lifestyle.

Во што најдобро се чувствуваш додека тренираш?

Зависи што вежбам. Патиките мислам дека се главен елемент од опремата.. Трчам со Nike Free Run, тренирам со Nike Zoom Fit Agility наменети за gym workout, овие ми се тазе уште им се радувам секој тренинг :)

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-06.JPG

Што може да те мотивира да вежбаш? И има ли нешто што те демотивира?

Секој си наоѓа своја мотивација. Мене главан мотив ми е бесценетото чувство после тренинг. Дополнително важно ми е како се чуствувам и како изгледам.

Сметам дека опремата за вежање и облеката е еден мотивациски фактор. Со оглед на тоа што каде и да се свртите во фитнес сала има огладала, фино е да ви се допаѓа што гледате додека вежбате :) (хаха ова двосмислено излезе)

Нема нешто што ме демотивира. Мислам дека времето влијае на поголема или помала желба за вежбање, како што влијае и на нашето расположение, ама не можам да кажам дека ме демотивира. Не сум се фатила во ситуација да се мислам дали ќе вежбам или не, или да барам изговори, па аналлогно ете кое ми е другото мото - "Just do it" :)

intervju-so-nina-angelovska-ne-barajte-izgovori-just-do-it-07.JPG

Би можело да ве интересира:

3 лесни јога вежби за трудници – ги намалуваат болките и вкочанетоста Јога вежбите се одлични за намалување на вкочанетоста и болките кои доаѓаат со б...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...
Пилатес вежби за почетници што ќе ви го обликуваат телото (како цел живот да вежбате) Ако поради која било причина не ви се оди во теретана, пилатес вежбите се одличе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg