Како да го затегнете задникот додека седите на работа?
Кој вели дека мора да одите во теретана за да имате стегнат задник? Оваа мрзлива вежба можете да ја правите додека седите на работа, во автомобилот, дома или додека чекате било каде...
Со стегнување на мускулите додека седите или правите било каква физичка активност, може совршено да го обликувате овој дел од телото. Стручњаците тврдат дека при оваа активност доаѓа до контракции на мускулите, исто како кога вежбате со тегови.
Целата вежба се состои во тоа целиот задник да го стегнете, да изброите до 20-30 и потоа да се опуштите. Вежбата треба да ја повторувате со постојано продолжување на времето.
Целта е да достигнете 60 секунди, а паузата измеѓу да не биде подолга од 5 до 10 секунди.
Корисна и едноставна вежба која може да ја пробате во моментов, а со неа ќе ги затегнете и мускулите на карлицата.