Овие 4 вежби се рецепт за задник од соништата

ovie-4-vezbi-se-recept-za-zadnik-od-sonistata-1.jpg

Фитнес ѕвездата Трејси Андерсон, тренер на светски познатите Мадона и Гвинет Палтроу, откри кои 4 вежби ќе ви помогнат да го затегнете задникот со гаранција.

Обратно удирање со ногата

ovie-4-vezbi-se-recept-za-zadnik-od-sonistata-2.jpg

Седнете на десната нога, а левата испружете ја и подигнете ја неколку сантиметри од земја. Со десната рака потпрете се на под. Префрлете ја тежината на левото колено, а левиот лакт спуштете го на земја. Десната нога подигнете ја колку повисоко можете. Вратете се во првобитната положба. Направете 15 повторувања со секоја нога.


Дијагонално удирање со нога

ovie-4-vezbi-se-recept-za-zadnik-od-sonistata-3.jpg

Седнете на левиот колк со нозете свиткани кај колениците и потпрете се на лактот на левата рака. префрлете ја тежината на левото колено, а со десната дланка потпрете се на под. Десната нога кренете ја високо. Потоа вратете се во првобитната положба и повторете 15 пати со двете нозе.


Удар со стапало нагоре

ovie-4-vezbi-se-recept-za-zadnik-od-sonistata-4.jpg

Потпрете се на коленици и на дланки. Десната нога ставете ја на страна како на сликата, па повлечете ја кон десниот лакт. Вратете ја ногата во почетната положба, па подигнете ја колку повеќе можете. Направете 15 повторувања.


Виткање на телото

ovie-4-vezbi-se-recept-za-zadnik-od-sonistata-5.jpg

Раширете ги нозете, а рацете ставете ги на колковите. Со благо свиткани коленици навалете го телото нанапред, а задникот исфрлете го назад. Потоа исправете се, вовлечете ја карлицата и задникот. Повторувајте ја вежбата 30 пати.

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg