Единствената разлика меѓу овие две слики се 3 минути

Оваа девојка сакала да ги издаде триковите кои стојат зад совршените тела на девојките кои ги покажуваат нивните неверојатни ефекти од напорните тренинзи со „пред“ и „потоа“ слики.

edinstvenata-razlika-megju-ovie-dve-sliki-se-tri-minuti-001.jpg

Софи Кеј ги употребувала оние фитнес инспиративни фотографии за да создаде сопствен режим на вежбање, но одново и одново се разочарувала кога немала да успее да изгледа како оние девојки со илјадници следбеници на Инстаграм и совршено извајани тела.

Нејзиниот тренер и потенцирал дека тие слики се резултат на доброто осветлување, вистинската поставеност и позирање на телото и вистинската облека, па се одлучила да направи две селфиња во долна облека.

Сликите биле фотографирани во разлика од само неколку минути.

Сакала да покаже дека сликите од телата на другите девојки може да влијаат многу штетно на младите девојки кои на крајот само си поставуваат нереални фитнес цели.

edinstvenata-razlika-megju-ovie-dve-sliki-se-tri-minuti-1.jpg

„Како девојка која во периоди од животот имала вишок килограми, но била и слаба и незатегната, ги користев сликите за да се мотивирам себе си. Но, се што направија беше да ме доведат до разочарување кога ќе се погледнев себеси и ќе забележев дека промените не се онакви какви што посакувам да бидат“ - вели Софи.

За да нагласи колку сликите со кои секојдневно се сретнуваме на социјалните мрежи направила фотки во селфи пози кои треба да изгледаат како да се пред и после одреден режим и тренинг.

edinstvenata-razlika-megju-ovie-dve-sliki-se-tri-minuti-01.jpg

Првата слика стои исправено пред огледалото во долна облека која ги нагласува нејзините црти и што е доволно тесна за да и ги исцртува колковите. Косата и е фатена во пунџа, а рамената и се благо згрбавени.

На втората слика позирала за да ја покаже витката половина, мускулите на нозете и послабите раце. Она што го променила во три минути било следново: застанала во благо закосена поза под светлина која прави да изгледа посветла на еден ден од телото, а заенета на друг дел на телото и со долна облека која и одговара и дава изглед на тонирано и фит тело.

На својот Тамблр напишала: „Го изгасив задното светло, ставив долна облека која повеќе ми одговара, го накривив малку телото за да ги покажам моите најдобри агли и додадов Инстаграм филтер.“

Дури и нејзиниот тренер признава дека ги објавува оние слики во кои изгледа најдобро.

Софи заклучува „Не им верувајте на оние пред и потоа слики.“

edinstvenata-razlika-megju-ovie-dve-sliki-se-tri-minuti-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg