По препорака на Миранда Кер: 15 минутен тренинг
Супермоделот Миранда Кер е еден од најбараните и најплатените модели, како и една од најзгодните жени на светот. Денес таа предлага 15 минутно вежбање кое секоја жена и девојка може да си го овозможи доколку има премногу обврски.
Како што самата таа вели; „Како и другите вработени мајка, тешко можам да ги избалансирам сите обврски кои ги имам, па многу често вежбањето го ставан последно на листата на активности и приоритети“.
Токму за таа цел самата направила 15 минутна комбинација на вежби кои секако не одземаат време, а сепак ќе успеат да ве одржат во добра фит форма. Овој тренинг ги опфаќа сите проблематични точки на телото. Тренингот во главно се состои од склекови, потскокнувања и чучнувања.
1. Mинута склекови
Ова е добро позната вежба за која Миранда вели дека не смеете да ја пропуштите во ниту еден случај. За девојките доволна е само една минута на подигнување и спуштање на подот.
2. Mинута планк вежба
Ова е една од најпуларните вежби ширум светот и претставува вежба која го активира целото тело. Подразбира отклонување на телото од површината на земјата со помош на рацете и нозете. Легнете на подот доле свртени на стомак. Поставете ги лаките на 90 степени. Телото треба да формира права линија од глава до пети, а лактовите се наоѓаат директно под рамената. Држете го телото така рамно и притоа стегнете ги стомачните мускули. Држете така е минута без да ги ставите колената на подот.
3. Mинута чучнувања
Застанете исправени со рацете поставени напред во агол од 90 степени од телото. Ро рацете нанапред клекнете, а потоа повторно исправете се. Оваа вежба повторувајте ја 1 минута.
4. Mинута потскокнување во место
Застанете исправени со рацете доле допрени до телото. Во отскок одвојте ги нозете колку е можно повеќе и рацете подигнете ги нагоре. Потоа вратете се во првобитната положба.
5. Mинута подигнување на левата нога
Легнете на подотсвртени на десната страна и подигнете ја ногата колку е можно повеќе. Потоа спуштете.
6. Mинута стомачни со наизменично подигнување на нозете
Легнете на подот на грб и подигнете ги нозете паралелно на површината на подот. Наизменично приближувајте ја левата па десната нога кон главата.
7. Mинута подигнување на десната нога
Како и кај левата нога, овојпат свртете се на левата страна и подигнувајте ја десната нога.
Кликнете на следната страна за останатите вежби...