Вежбање кое ќе го сакате: Одберете го вистинскиот фитнес за себе
Повеќето луѓе велат дека би се чувствувале многу подобро ако вежбаат поредовно, но често тоа не го правиме бидејќи не сме ги пронашле вистинските вежби кои ќе ги правиме со задоволство.
Ако и вие не успевате да се задржите до редовниот распоред на вежбањето, тогаш можеби сѐ уште не сте го пронашле вистинскиот тренинг.
Поставете си ги овие прашања и размислете кои видови на вежби би можеле да ви одговараат:
1. Дали сте утрински или ноќен човек?
2. Дали сакате да поминувате време во природа?
3. Дали би сакале повеќе време да минувате сами, со пријателите или да запознавате нови луѓе?
4. Дали ве мотивира конкуренцијата?
5. Дали уживате во гласна музика?
6. Дали сакате вежбите да ви бидат предизвик?
7. Дали сакате спорт и игри?
8. Дали сакате повеќе слободно време за медитација, гледање телевизија или сурфање на интернет?
9. Дали добро го организирате времето?
10. Дали сте чувствителни на промените на времето?
Ако сте утрински тип кој времето сака да го поминува сам со своите мисли, но има мала контрола над распоредот, тогаш сигурно ќе уживате во малите прошетки во парк, во медитација, јога и слично.
Ако сте ноќен тип кој сака музика и запознавање со нови луѓе, можеби треба да се обидете со часови за танцување, аеробик или да се запишете во фитнес центар.
Многу е важно да го идентификувате проблемот и да дознаете зошто не успевате да се држите до распоредот за вежбање. Одговорите на овие прашања ќе ве натераат повеќе да размислувате за вежбањето и да го пронајдете вистинскиот тренинг за себе.