6 вежби за подигнување на задникот и затегнување на нозете кои може да ги правите дома
Добро обликуваниот задник и затегнатите нозе се секогаш во мода, затоа потоплите денови вреди да ги дочекате подготвени.
Ако упорно не наоѓате време за теретана, не ви се даваат пари за членарини или од некоја сосема трета причина не можете да почнете со тренинг, за оваа домашна рутина немате доволно добар изговор.
Сите вежби треба да ги правите по 10 пати, а потоа да ја промените страната.
Прва вежба
Потпрете се на колениците и дланките. Едната нога кренете ја во воздух, па префрлете ја преку другата. Вратете во првобитна положба и повторете.
Втора вежба
Направете расчекор со стапалото свртено нанадвор. Спротивната рака исправете ја над главата, а другата спуштете ја кај бутовите. Искривувајте го телото како на сликата.
Трета вежба
Поставете се како кај првата вежба, со таа разлика во оваа вежба само ја поткревате ногата свиткана кај коленото.
Четврта вежба
Потпрете се на рацете, исправете ја едната нога, навалете го телото нанапред, а другата нога кревајте ја во воздух. Спуштете и повторете 10 пати со двете нозе.
Петта вежба
Клекнете на едното колено и потпрете се на едната рака. Другата нога исправете, а раката подвиткајте ја и потпрете ја на главата. Свртете се накај исправената нога и поткревајте ја колку повисоко можете.
Шеста вежба
Поставете се исто како кај претходната, со тоа што овој пат ќе се обидувате да го допрете коленото со лакотот.