Видео кое мора да го погледне секоја жена
Одењето во теретана за некои девојки претставува најтежок чекор затоа што веруваат во замислата дека таму сите се слаби, згодни и изгледаат затегнато.
Некои ако не забележат резултати уште по првата недела веднаш имаат нови комплекси, стравови дека никогаш нема да бидат како другите.
Но, она што треба да го сфатите е дека сите се различни, секој се поти различно и му треба време за да се видат резултатите.
Она што е најважно е да бидете упорни, да продолжите и да не се откажете.
Единствено што треба да правите е да бидете вие и да го правите она што сте намислиле.
Осудувањата и предрасудите се пречка која мора да ја надминете, затоа што вие сте тие кои можете!