4 Кратки вежби за совршено деколте (видео)
Убавите и цврсти гради се сон на секоја девојка, а без оглед на нивната големина за совршеното деколте мора малку повеќе да се потрудите.
Ако ги развиете мускулите под градите, тие ќе изгледаат поголеми и пополни. Но, не очекувајте чуда.
Со тренинзите може да го зголемите обемот на градниот кош, но треба да го обликувате она со што располагате, за да изгледа најдобро што може.
За вежбите ви се потребни тегови со соодветна тежина. Идеална е онаа која со малку напор ќе успеете да ја издржите до крај на вежбите.
Постепено е добро да ја зголемувате тежината, така што мускулите постојано ќе работат и ќе растат.
Тренинзите повторувајте ги двапати неделно.
1. Кревање тегови на клупата
2. Склекови
3. Кревање тегови на коса клупа
4. Летање