Станала Инстаграм сензација, а не знаела дека луѓето ги гледаат нејзините слики
Кајла Итсинес е 23-годишна девојка која не знаела што се тоа фанови на социјалните мрежи, сè додека не ја поставила првата фотографија на Инстаграм која и донела 100 следбеници.
Од првите 100, Кајла многубрзо дошла до вртоглава бројка од 1.7 милиони фанови.
- Не размислував за слава во тоа време. Го користев Инстаграм како блог и знам дека ќе звучам глупаво, но не знаев дека сите луѓе може да го видат она што јас го објавувам.
Денес на Твитер има 163.000 следбеници, а на Фејсбук нејзините фотографии собираат по 900.000 лајкови.
Вистинска лавина од коментари предизвикаа нејзините фотографии пред да започне да вежба и оние откако буквално „се навлекла“ на теретана. Ја изненадиле фановите кои упорно барале совети како успеала во драстичната промена.
- Се трудев да им помогнам на сите и да бидам љубезна, па направив мини книга во која ги објавив моите тренинзи. Но, тогаш започна кошмарот. Сите се прашуваа дали ова го правам сама и се сомневаа во моите способности. Понекогаш седев, ги читав пораките и плачев со часови.
Нешто подоцна, решила да побара помош од нејзиниот дечко. Таа ги подготвувала советите, а сите технички проблеми ги решавал нејзиниот партнер.
Сега зад себе има цел тим и сè функционира совршено. Помеѓу оние кои ги слушаат советите на Кајла е и манекенката Кендис Сванапул.
Кајла се занимава со фитнес од 18 години, а колку е добра и успешна покажуваат нејзините фотографии: