4 фитнес правила кои мора да ги почитувате
Без разлика дали сте момче или девојка, постојат фитнес правила ќе ви помогнат при тренингот од кој сакате да го извлечете најдобриот резултат за вашето тело и да останете секогаш во топ форма.
Можеби вие имате претстава за вашето вежбање и како треба правилно да го извршувате истото, но сигурно никогаш не внимавате на овие 4 фитнес правила кои можат многу да ви помогнат при секојдневното вежбање.
Загревање
Пред секој тренинг е потребно загревање. Сокањето во место или со јаже, како и склековите можат да бидат добар почеток на претстојното вежбање кои ќе ви дадат екстра енергија.
Дисциплина
Доколку прескокнувате тренинзи не очекувајте најдобри резултати. Започнете да ги елиминирате изговорите со кои го оправдувате несекојдневното вежбање. Дисциплината не оправдува изговори, дисциплината бара посветеност за да може да ве награди со добар резултат.
Повремена промена на вежбите
Една иста вежба само за одреден дел на телото која ја практикувате секој ден не е во ред.
Ќе постигнете резултат само на еден дел од телото, а тоа не ви е исполнување на посакуваната цел, нели? За да не се случи тоа редовно практикувајте различни вежби за различен дел од телото.
Внимателност
Доколку сте почетник и немате искуство, никогаш не практикувајте да вежбате под своја интуиција. Повикајте го фитнес тренерот и не срамете се да му кажете дека не знаете да вежбате.
Внимателноста при правилното практикување на вежбите е дел од фитнес правилата кои не смеете да ги прекршите.
Поефективно ќе биде да направите една вежба правилно, отколку десет неправилни!