За 5 минути до совршени нозе
Ако пет пати неделно се качите до петтиот кат, ќе потрошите исто калории како за еден час аеробик. Тоа е еден од најдобрите и наједноставните начини за да ги потрошите вишокот калории и да ја одржите витката линија и доброто здравје.
Освен тоа, редовното користење скали е многу корисно за затегнување на мускулите на нозете и на задникот, што сигурно ќе влијае позитивно не само на вашата кондиција, туку и на самодовербата, па и на сексапилот.
Доволни се само 5 пати неделно да се качите до петтиот кат, што одговара на искачување од околу 15 метри, па да потрошите исто калории како за 1 час аеробик, тврдат британски научници.
Полека качувајте се по скалите, свртете се на едната страна, префрлувајќи ја ногата пред другата, како да ги прекрстувате. Главата држете ја исправено. Потоа симнете се нормално, па повторно качете се, но сега свртете се на другата страна.
Застанете на првата скала со десната, па со левата нога, потоа симнете се. Менувајте ги нозете, така што десната да ви биде горе, па левата горе. Десната доле, па левата доле и та ка 10 пати. Повторете ја вежбата, но сега почнете со левата нога.
Ставете ја десната нога на првата или втората скала, свиткајте го коленото и спуштете се во половично чучнување. Додека го правите тоа, десното колено нека ви биде рамно со скочниот зглоб. Одбијте се со десната нога па вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата со левата нога. Менувајте ги нозете, додека не направите 20 чучнувања.
Уште еднаш качете се и симнете се по скалите со нормално темпо.