Правете ги додека лежите на плажа: Вежби за рамен стомак и тенки бутови
Додека се опуштате и лежите на некоја плажа можете да направите чудо за стомакот и вашите бутови.
Високите температури често знаат да нè премислат кога ќе посакаме да трчаме, скокаме или да правиме стомачни со цел да ги смалиме сантиметрите околу бутовите и да го израмниме стомакот.
Многу жени признаваат дека поради стомакот и бутовите се срамат да го покажат своето тело во костим за капење, а доколку и вие го делите истото мислење погледнете ги овие вежби:
Стискање на плажа
Легнете на плажа или зелена ливада и притиснете ги страничните мускули од телото, држете ги така притиснати околу 10-15 секунди. Потоа опуштете ги и истата вежба повторете ја 10 пати. Ова е одлична вежба за затегнување на задникот.
Цврсти бутови
Легнете на грб, а рацете испружете ги до телото и дланките поставете ги на површината. Свиткајте ги нозете во колена и подигнете го задникот и долниот дел од грбот нагоре. Држете го телото во оваа форма околу пола минута, а потоа спуштете го доле. Повторете ја оваа вежба уште 9 пати.
Рамен стомак
Легнете на грб, а рацете поставете ги на врат и подигнете се. Оваа вежба е слична како вежбата за стомачни мускули, но разликата е во тоа што не се подигнувате целосно, туку вашето тело треба да направи агол од 45 степени. Правете ја вежбата во неколку серии со по 10 вакви поткревања и ова ќе ви биде доволно за рамен стомак.
Колкови
Откога ќе завршите со стомачните, останете да лежите на грб, а рацете поставете ги до телото. Вежбата се состои од подигнување на левата нога 10 пати, а потоа и десната нога исто толку пати. Откога ќе завршите со наизменичното подигнување, вежбајте ги двете нозе истовремено по 10 пати. Додека ја правите оваа вежба, тежината треба да ви биде на рацете.