Вежби кои за брзо време ќе го трансформираат вашето тело

Во комбинација со здравата храна, овие вежби ќе ви помогнат за брзо време да ги остварите целите поврзани со вашиот изглед.

7-vezbi-koi-za-brzo-vreme-kje-go-transformiraat-vaseto-telo-1-

Ако сакате за кратко време да постигнете целосна трансформација на вашето тело, тогаш следете ги овие вежби, бидејќи само со нив најбргу ќе ги зацврстите мускулите на телото.

Најважно од сѐ е правилно да ги правите вежбите, а овие видеа ќе ви посочат како правилно да ги правите:

1. Скокање со јаже

Одлична и едноставна вежба со чија помош согорувате дупло повеќе калории за една минута, отколку кај било која друга вежба. Освен тоа, станува збор за забавна вежба, а ова видео ќе ви покаже неколку начини на кои можете да ја правите оваа вежба:


2. Чучнувања

Чучнувањата се најмоќните вежби кога станува збор за затегнување на долниот дел од телото, но и согорување на калориите. Со оваа вежба најлесно и најбргу ќе го трансформирате вашето тело, а можете во нив да вметнете и скокови. Погледнете како правилно да ги правите чучнувањата:


3. Склекови

Многумина ги избегнуваат, бидејќи не се лесни за вежбање. Но вие не морате веднаш да почнете со многу склекови, одете чекор по чекор. Денес направете два, а за една недела веќе без проблем ќе можете да правите десет склекови. Оваа вежба е одлична за трансформирање на телото, а особено за рамениците и грбот. Зајакнете го целото тело со помош на склековите:


4. Исчекор напред

За да ги зајакнете вашите мускули, оваа вежба е совршена за вашето тело. Ќе добиете одлични резултатите вежбајќи ја секоја нога поединечно. За да не ви здодеат, набавете си мали тегови и воедно вежбајте ги рацете.


5. Пливање

Освежувачка активност од која ќе добиете особени придобивки бидејќи таа ги активира мускулите, ги согорува калориите и одлично го обликува телото. Освен тоа, добивате одлична вежба за правилно дишење.


6. Трчање

Како и пливањето, трчањето ги разбудува и раздвижува сите мускули во телото. Одлична е за согорување на калориите и обликување на сите делови од телото. Освен тоа, трчањето е одличен систем за исфрлување на стресот.


7. Возење велосипед

Освен што ги обликува вашите нозе, предноста на велосипедот е што самите ја контролирате брзината и можете да го намалите или зголемите темпото. Ако се возите во друштво, нема да почувствувате ни малку напор. Ова видео ќе ви покаже како полесно да ги совладувате брдата со помош на велосипедот:

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg