4 вежби кои го уништуваат целулитот
Количината на целулит нема врска со вишокот килограми, бидејќи го имаат и слабите девојки. Тој е проблем на секоја девојка, па затоа не се оптоварувајте премногу, бидејќи не сте единствени.
Истражувањата на Универзитетот Корнел тргнува од фактот дека дури 98 % од жените имаат целулит макар и во најмал облик.
Она што треба да го правите, покрај здравата исхрана, ослободена од маснотии е да вежбате.
Постојат секакви вежби за целулит, но добро е да ги знаете оние кои може лесно да ги правите и во домашни услови.
Вежби за нозе
Легнете на грб и свиткајте го коленото на левата нога. Десната нека ви остане испружена. Раширете ги рацете, вовлечете го стомакот и обидете се да издржите во таа положба колку што е можно подолго.
Од таа положба, подигнете ги колковите и стегнете го задникот сè додека вашето тело не формира рамна линија од рамената до стапалата. Направете пауза од две секунди, држете ги стомакот и задникот затегнати, а потоа повторете го подигнувањето на колковите.
Истата вежба направете ја и со другата нога. Доколку оваа вежба ви е претешка олеснете си така што ќе ги подигнувате колковите додека двете нозе ви се свиткани кај колената.
Исчекор
Земете по еден тег за вежбање и рацете држете ги рамно до телото. Немојте рацете да ги прилепувате за телото, туку држете ги на одредено растојание. Дланките свртете ги кон телото.
Во вториот дел од вежбите, направете исчекор со десната нога и спуштете го телото додека вашето лево колено не биде под прав агол.
Потоа вратете се во почетната положба потпирајќи се со левата пета на подот. Вежбата повторете ја неколку пати, а потоа направете ја и со другата нога.
Скали
За оваа вежба ви се потребни тегови. Испружете ги рацете покрај телото. Потоа застанете пред скалите кои треба да бидат отприлика во висина на колената и подигнете го своето лево стапало на нив.
Потпирајте се со петата додека телото не ви се исправи целосно и не застанете на една нога на скалите. Потоа, вратете се назад сè додека вашата десна нога не го допре подот.
Вежбата направете ја неколку пати, па исто толку пати повторете ја вежбата со другата нога.
Задник
Земете два тега за вежбање, испружете ги рацете и спуштете ги пред бутовите, а дланките свртете ги кон себе.
Благо ставете ги колената и спуштете ги за шаките во висина на колената точно над стапалата. Главата подигнете ја, а вратот држете го исправен.
Задржете се неколку секунди, а потоа полека вратете се во почетната положба. Доколку сакате малку потешки вежби, направете го истово само на една нога и повторете ги вежбите неколку пати, на едната, па на другата нога.