5 причини зошто да пиете кафе пред тренинг

Половина од луѓето во светот секој ден го започнуваат со чаша силно кафе, но едно наово шпанско истражување откри дека лицата кои пијат кафе пред тренингот согоруваат 15% повеќе калории.

5-pricini-zosto-da-piete-kafe-pred-trening-01.jpg

Ако и вие уживате во вкусот на овој пијалак, топол или студен, вреди да го пробате неговото дејство пред летниот тренинг.

Овие 5 причини дополнително ќе ве убедат:

Ја подобрува циркулацијата

Јапонските истражувања го потврдија овој факт. Половина од учесниците во истражувањето кои испиле по 1 шолја кафе со средна големина имале 30 проценти поголем проток на крв во телото во рок од 75 минути, во споредба со оние кои испиле шолја кафе без кофеин.

А, колку подобра е циркулацијата, толку поуспешен е тренингот затоа што на вашите мускули им треба кислород.

Помалa болка

Консумирањето на кафе 1 час пред тренингот ги намалува болките во мускулите. Кофеинот може да ви помогне да истрчате или извежбате дополнителни 15 минути, со што се подобрува вашата мускулна издржливост.

Подобра меморија

Едно истражување објавено порано оваа година откри дека кофеинот ја подобрува меморијата 24 часа по неговото консумирање. Тоа ви е од голема предност доколку треба да се сетите на вчерашната рутина или специфичните вежби кои подолго ги мислите, а не стигнавте да ги направите.

Заштита на мускулите

Неколку спортски научници докажаа дека кофеинот може да ви помогне да ја надоместите силата на мускулите која обично опаѓа со текот на годините. Така, кофеинот е идеално решение ако сакате да го избегнете ризикот од повреди поврзани со стареењето.

Кофеинот е мускулно гориво

Едно дамнешно истражување докажало дека кофеинот пред тренингот може да биде корисeн, особено за спортисти кои вежбаат секојдневно. Покрај тоа што ја намалува болката од претходниот тренинг, има дејство на мускулно гориво кое ви ја подига енергијата. Кофеинот се складира исто како и сите материи во телото, па за време на наредниот тренинг ќе имате двојно поголема сила, и така во континуитет.

Но, тоа никако не значи дека треба да претерате со количината. Максимумот на кофеин кој треба да го внесете во телото е околу 6 милиграми по килограм од тежината, односно во просек по околу 400 милиграми на ден.

Плус, навиката за пиење една чаша вода заедно со шолјата кафе е најдобра за вашето здраво тело.

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg