Вежби во вода за феноменално тело

Дали знаевте дека токму водата најдобро го обликува телото? Искористете ја ова лето и имајте ја посакуваната фигура.

vezbi-vo-voda-za-fenomenalno-telo-1

Без разлика дали станува збор за море, езеро или базен овие вежби ќе направат да се чувствувате пријатно во сопствена кожа.

Повеќето луѓе на кои вежбањето им е секојдневна рутина велат дека повеќе преферираат да ги прават вежбите во вода, отколку во фитнес центар или на кое било друго место.

Погледнете ги овие неколку вежби со кои за брзо време вашето тело ќе изгледа феноменално:

1. Марширање во место

За да ги затегнете вашите нозе правете ја оваа вежба на тој начин што вашиот грб ќе го држите исправено, а со нозете ќе се движите во место. Можете или да марширате или  да се движите чекор напред, па потоа назад и така наизменично. Доколку сакате да го засилите отпорот земете две мали тегови за рацете, наменети за во вода и вежбајте ги вашите раце заеднички со нозете.

vezbi-za-vo-voda-za-fenomenalno-telo-1.jpg


2. Скокање

Застанете во водата и испружете ги рацете странично над водата на тој начин што ќе почувствувате релаксирање. Вежбата се состои од скокање, а при секој скок раширете ги вашите нозе и истовремено кревајте ги рацете нагоре.

vezbi-za-vo-voda-za-fenomenalno-telo-2.jpg


3. Помошна даска за пливање

Употребете мала помошна даска за пливање и поставете ја во коса положба пред вас. Даската треба да ви биде поставена на тој начин што едниот крај ќе го фатите со целосно испружена рака, додека, пак, другиот крај го фаќате со другата рака свиткана во лактот. Целта на оваа вежба е со помош на даската да ја туркате водата пред себе вртејќи се во круг. Правете ја вежбата наизменично со тоа што ќе туркате прво со едната, а потоа со другата рака.


4. Вежба за нозете

Оваа вежба е најпогодна да се прави на базен, бидејќи со едната рака треба да се држите за работ на базенот. Висината на водата треба отприлика да ви биде до рамениците, а ногата која што ви е слободна односно не се допира до ѕидот на базенот, свиткајте ја во колено и отворајте ја на страна и повторно враќајте ја пред себе. Повторувајте ја оваа вежба 10 пати со едната, а потоа и со другата нога.

vezbi-za-vo-voda-za-fenomenalno-telo-3.jpg


5. Лебдење

Заокружете го вежбањето на тој начин што на крајот ќе се испружите на површината на водата и ќе лебдите. Со помош на лебдењето вие ги релаксирате вашите мускули и го подготвувате телото за следните вежби во вода.

vezbi-za-vo-voda-za-fenomenalno-telo-4.jpg

Погледнете го и ова видео кое дополнително ќе ви ги прикаже вежбите во вода:

Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg