Не го мразете вежбањето. Научете да се мотивирате!

Ако тешко се убедувате да почнете дома да вежбате или нозете ви се враќаат назад кога треба да одите во теретана, тогаш мора нешто да промените. Најдете мотивација, верувајте во себе и не се откажувајте.

ne-go-mrazete-vezbanjeto-naucete-da-se-motivirate-01

1. Променете го типот на вежби

Можеби постојано ги правите истите вежби, па веќе ви е досадено и немате желба повторно да почнувате со истото. Ако постојано имате напорен тренинг со стомачни вежби или брзо движење по лента, можеби време е да ги замените со малку пилатес и јога.

2. Психотрик: Бидете сами свој тренер

Како што си давате љубовни совети со пријателите, така научете да се мотивирате и за вежбањето. Наместо да чекате некој да ве убедува, бидете си сами лични тренери. Замислете дека сте професионалец кој треба некој друг да мотивира. Застанете пред огледалото и убедете ја личноста пред вас зошто мора да отиде во теретаната.

3. Пуштете си ја омилената музика

За да престанете да гледате во часовникот уште колку долго треба да вежбате, пуштете си музика и заборавете на времето. Сè е полесно со омилените брзи песни кои ви даваат дополнително енергија. Нема ни да забележите кога ви завршил тренингот.

ne-go-mrazete-vezbanjeto-naucete-da-se-motivirate-1.jpg

4. Забележувајте го напредокот

Без разлика дали вежбате или сте на диета, направете си табела во која секојдневно ќе забележувате што сте постигнале, колку сте извежбале или што сте јаделе. На тој начин ќе може да си ги споредувате резултатите и да се мотивирате за да направите нешто повеќе.

5. Вежбајте во добро друштво

Кога сте мрзеливи и тешко ви е да вежбате, многу полесно се поднесува сето тоа кога сте во добро друштво. Без разлика дали е тоа партнерот или најдобрите пријатели, штом имате добро друштво полесно ќе се мотивирате имате со кого да направите пауза и повторно да почнете без да се откажете.

6. Натпреварувајте се

Ако можете пријавете се на некој натпревар бидејќи на тој начин ќе се бидете повеќе поттикнати да издржите, особено ако се работи за парична награда. Доколку нема некој натпревар баш кога ви е најпотребно, тогаш обложете се со пријателите во некоја симболична сума и потрудете се да ја освоите.

ne-go-mrazete-vezbanjeto-naucete-da-se-motivirate-2.jpg

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg