Топ 5 пози за утринска јога

Со вежбање јога наутро, бидете сигурни дека целиот ден ќе ви помине релаксирано.

top-5-pozi-za-utrinska-joga-1

За вас издвоивме топ 5 јога пози кои навистина ќе ви помогнат барем накратко да заборавите на вашите проблеми и да се концентрирате на дишењето и на убави мисли.

Ослободете го вашето тело и ум и секое утро фокусирајте се на јогата:

1. Детска поза

Седнете на вашите колена, а градите спуштете ги над нозете на тој начин што вашата глава и чело ќе ја допираат земјата. Рацете испружете ги напред и раширете ги во однос на широчината помеѓу вашите нозе. Ако ви е попријатно, вашите раце може да ги поставите под главата.

Полека земете длабок воздух низ вашиот нос и гледајте како ви се поткреваат градите, ребрата и воопшто забележете го движењето на вашето тело. Останете така и повторувајте го дишењето 5-10 пати или онолку колку што сметате дека ви е потребно.

top-5-pozi-za-utrinska-joga-001


2. Мачка/крава поза

Наместете се во позиција на маса на тој начин што вашите зглобови ќе бидат директно под рамениците, а вашите колена во размер со колковите. Стиснете со дланките за да бидете сигурни дека рамениците ви се доволно раширени.

Како што земате воздух, движете го вратот нагоре или право пред вас во зависност од тоа како ви е поудобно. При издишување враќајте ја главата наназад на тој начин што вашата брада ќе ги допира вашите гради. Продолжете со оваа вежба на тој начин што ќе бидете предводени од дишењето и чувството на целосна релаксација. Внимавајте на вашите лакти, тие треба постојано да се свртени еден наспрема друг и да не се прекршуваат.

Вежбата повторете ја 5 пати или повеќе доколку ви се допаѓа.

top-5-pozi-za-utrinska-joga-002


3. Надолна кучешка поза

Раширете ги дланките повеќе од широчината на вашите раменици, застанете на прстите на нозете и подигнете ги колковите нагоре. Градите насочете ги кон вашите нозе така што ќе го истегнете вашиот грб, а вашите раменици и глава ќе бидат релаксирани.

Рамениците треба да ви бидат поставени подалеку од вашите уши, колениците раздалечени и започнете со ситен чекор во место. Запомнете кај оваа вежба најважно е вашите колкови да се високо кренати и дишете 5-10 пати.

top-5-pozi-za-utrinska-joga-003


4. Стоење со главата надолу поза

Застанете исправено и наместете ги стапалата во размер со рацете и пуштете го горниот дел од телото буквално да лебди лесно надолу кон вашите стапала. Вашата глава и врат се релаксираат на овој начин и доколку не чувствувате тензија во грбот пробајте се повеќе да ги исправувате вашите колена.

Исправете се и земете воздух, а потоа испуштете го воздухот како што се симнувате надоле со вашата глава кон стапалата. Дишењето повторете го 10 пати и ќе ја почувствувате разликата.

top-5-pozi-za-utrinska-joga-004


5. Триангл поза

Застанете исправено и раширете ги вашите нозе во должина на една ваша нога. Десното стапало отворете го на надворешната страна со тоа што петата мора да ви биде централно свртена кон другото стапало. Рацете раширете ги паралелно со земјата и потоа свртете го телото кон земјата со тоа што едната рака ќе ви го допира десното отворено стапало.

Истегнете го телото колку што можете повеќе, а потоа променете ја позата. Градите нека ви бидат отворени и вашето торзо нека се издолжува. На секоја страна доволно ви е 5 пати земање и испуштање на воздух. 

top-5-pozi-za-utrinska-joga-005

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg