Каде грешите додека вежбате?
Ако сте од оние кои напорно се подготвуваат за летото најверојатно веќе одамна започнавте со тренинзи, исхрана и многу протеински шејкови. Но, ви се чини како да стоите во место...
Понекогаш, од претерано многуте совети кои ги слушате на секој чекор и ги применувате со редослед како што ви ги кажуваат се главните виновници за вашиот фитнес неуспех.
Пред да се откажете и да кренете раце од совршено обликуваните мускули, обидете се уште еднаш.
Само овој пат проверете дали овие 7 работи ги правите како што треба:
1. Јадете помалку од што треба
Да, вишокот калории најчесто значат масни наслаги околу стомакот, но ако вежбате упорно и редовно, храната која ја внесувате се претвора во мускулна маса. Затоа, оние кои сакаат да ја зголемат мускулната маса треба да внесуваат над 2.000 калории дневно.
Плус, не заборавајте дека мастите се главен извор на енергија.
Воедно, колку протеини помалку јадете, поголеми ви се шансите за болки во телото по тренингот.
2. Го прескокнувате истегнувањето
Ви изгледа досадно? Дефинитивно е, но докажано е дека истегнувањето го забрзува обновувањето на нови мускулни влакна.
Простото подигнување на тегови без истегнување ја зголемува можноста за повреда, па без оглед на тоа колкави мускули имате, веројатно најпаметно е да се загреете.
3. Вежбате додека не се преморите
Она што дефинитивно треба да го избегнете е заморот до колабирање.
Да, вистина е дека мускулите многу подобро изгледаат по 20 серии наместо 10, но вистината е дека тие само се пумпаат, без трајни резултати.
4. Ги тренирате само деловите од телото кои ги гледате во огледало
Фокусирајќи се на мускулите кои ви изгледаат како трофеи, може да заборавите дека 70% од мускулите се наоѓаат во грбот и нозете. Така, вашиот главен потенцијал за развој останува недопрен.
Плус, овој вид на тренинг ја зголемува веројатноста на повреди заради телесната нерамномерност.
5. Практикувате тренинзи според мускулните групи
Поделбата на тренингот по денови за гради, грб и раце е минато - на тој начин ги вежбате само одредените мускулни групи додека останатите се запоставени.
Тоа е стар метод за тренинг и неверојатно застарен. На тој начин ги спречувате вашите најголеми мускулни целини да научат да работат заедно, што повторно може да донесе до телесни повреди.
6. Ретко го менувате типот на тренинг
Правејќи ги истите вежби со недели и месеци, вашето тело не напредува, а постојано го трошите.
Ако не им наметнете нови предизвици на вашите мускули, телото не ви се развива. Мускулите остануваат на исто ниво, исто како и силата на целокупното тело.
7. Не одмарате доволно
За време на спиењето се случува најважниот процес - обновување на влакната. Што значи, 6 или помалку часа сон може негативно да влијае на еластичноста на вашето тело.
Ако вежбате 7 дена во неделата, повторно имаме непријатно изненадување - така само ја губите мускулната маса. Нервниот систем се изморува, влакната не се обновуваат и вие се чувствувате физички неспособни за секој тренинг.