8 начини да вежбате без да трошите време
Без оглед дали немате време или не практикувате физичка активност, решение постои. Можете да слабеете и да го затегнете телото додека ги извршувате секојдневните активности на овие едноставни 8 начини.
1. Не користете далечински управувач за телевизрот, станете и променете го каналот. За време на рекламите додека ја гледате омилената серија, филм или емисија, правете стомачни и едноставни вежби за затегнување.
2. Смејте се! Смеењето е најдобар тренинг за телото и духот. Со 20 секунди непрекинато смеење согорувате калории како да сте вежбале фитнес 3 минути, а воедно и си го подобрувате расположението.
3. Седете правилно. Така согорувате калории со самото тоа што мускулите ги држите во правилна позиција.
4. Качувајте се по скали. Лифтот нема да ви донесе обликувани нозе, ниту подигнат задник.
5. Чистете низ дома. Со вршењето на домашните обврски обавувате еден вид на физичка активност која добро ќе му дојде на вашиот дом, а и на вас.
6. Времето во автобус, автомобил, или додека чекате ред, не трошете го за читање на здодевно, старо списание. Наместо тоа, стегајте ги мускулите со прошетка и постојано движење. Тоа е тајната на одлично тониран задник.
7. Движете се. Кога сте постојано во движење, мала е веројатноста да имате проблеми со бројката на вагата. Шетајте, пешачете. Покрај вдишувањето на чист воздух, вршите физичка активност која ја зголемува вашата кондиција. Наместо да се качите во такси за да стигнете до блискиот супермаркет, размрдајте се и одете пешки.
8. Уживајте во природата. Што добивате од традиционалното пиење на кафе со вашето друштво. За промена, организирајте заедничка прошетка во природа која ќе ја разбие монотонијата на вашиот ден, а додека уживате во свежиот воздух и друштвото, напијте се по еден топол чај.