Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти)

Кога не ви се вежба, направете неколку едноставни јога вежби

За многумина, најтешкиот дел од вежбањето е да се натераат да облечат хеланки и да почнат со вежбање.

Па, ако веќе сте во тренерки за по дома или пижами и никако не можете да се натерате да почнете со цел тренинг, направете неколку јога вежби.

Секако, едноставните јога вежби во пижами нема да бидат исто ефикасни како цел тренинг, но и тоа е подобро отколку да седите без никаква физичка активност.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-05.jpg

Јадете во помали чинии

Ако јадете во помала чинија, количината храна што ќе ја ставите ќе ја перципирате како поголема порција.

А, според истражувањата, ова има психолошко влијание, односно мислиме дека сме изеле повеќе храна, па помала е веројатноста да посегнеме по уште една порција.

Сличен ефект ќе постигнете и ако ја исечете храната на помали парчиња и ја распоредите низ целата чинија.

Вака ќе ви изгледа како на чинијата да има повеќе храна, па најверојатно нема да посакате уште.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-06.jpg

Водете дневник за вашата исхрана

Во овој дневник треба да го запишувате секој оброк и секоја ужина што сте ја изеле во текот на денот.

Кога ќе имате увид што точно сте јаделе секој ден, полесно ќе се убедите дека не ви треба уште еден ред чоколадо.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-08.jpg

Јадете во црвени чинии

Според научниците, црвената боја ја перципираме како знак за опасност.

Па, храната во црвена чинија може да ни биде помалку привлечна и со тоа да изедеме помалку.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg