Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти)

Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го намалуваат апетитот.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-01.jpg

На сите ни е јасно дека за слабеење неопходна е физичка активност во комбинација со здрава и урамнотежена исхрана.

Сепак, на многумина им е тешко да ја контролираат желбата за храна и дури и ако цел ден јаделе здрава храна, навечер може да се случи да се почестат со грицки или нешто благо.

Ако сте во ваква ситуација, сигурно ве интересира како да ја намалите желбата за храна.

Во продолжение неколку совети кои звучат чудно, но експертите тврдат дека функционираат:

Измијте ги забите порано

Наместо да ги миете забите пред спиење, измијте ги порано, односно по вечерата.

Пастата за заби, секако, нема влијание врз апетитот, но може да има психолошко влијание.

Односно, кога забите ви се чисти и во устата чувствувате вкус на ментол, помала е веројатноста дека ќе посегнете по грицки.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-02.jpg

Во лето, не го поминувајте цел ден под клима

Сигурно и самите сте забележале дека кога е жешко, јадете помалку.

Кога времето е топло, телото работи понапорно за да ја регулира својата температура, па се забавува дигестијата и се намалува чувството на глад.

А, истражувањата покажале дека високите температури го намалуваат лачењето на хормонот кој предизвикува чувство на глад, познат како грелин.

Друго истражување, пак, покажало дека испитаниците кои поминувале два часа дневно на температура од околу 30 степени Целзиусови, во текот на денот внеле околу 300 калории помалку.

Па, искористете го жешкото време во ваша полза и дозволете си некој период од денот да ви биде топло.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti10.jpg

Испијте вода со малку сол

Истражување покажало дека внесувањето малку сол – околу прстофат – може да ја намали желбата за храна како чипс.

Имено, малото количество сол е доволно да го спречи губењето на натриум и другите електролити од организмот, што пак ја намалува желбата за солена храна.

Па, ако ви се пријаде чипс, во чаша вода ставете прстофат сол и испијте ја.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-03.jpg

Истуширајте се со студена вода

Неколку истражувања покажале дека краткотрајното изложување на телото на ниски температури може да го забрза метаболизмот, и со тоа да го поттикне слабеењето.

Туширањето со студена вода ги активира таканаречените кафеави масни клетки чија цел е да ја регулираат температурата на телото, а со тоа се согоруваат и калории.

Па, при крајот на секое туширање, пуштете постудена вода околу 30 секунди.

trikovi-za-slabeenje-koi-zvuchat-chudno-no-se-efikasni-spored-eksperti-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg