Ѕидни пилатес вежби кои се хит на ТикТок, а ги зголемуваат силата и балансот (видео)
Пилатес вежбите на топка одамна го освоија светот. Но, нов хит се пилатес вежбите на ѕид, кои го преплавија ТикТок. Предноста на овие вежби е што можете да ги правите дома, а секој тренинг може да ви биде поинаков.
Пилатес вежбите што се прават на ѕид се вистински хит во светот.
Станува збор за модифицирани вежби за истегнување кои помагаат да ја зголемите силата на мускулите, да го подобрите балансот и држењето на телото, но и да придонесат за флексибилноста на мускулите и зглобовите со неколку контролирани движења.
Главната разлика помеѓу класичниот и ѕидниот пилатес, е тоа што не се користи топка за вежбање, туку ѕид кој обезбедува поддршка или отпор на телото, во зависност од избраната вежба.
Повеќето корисници на ТикТок сметаат дека пилатес вежбите што се прават на ѕид се одлични и за почетници, но и за луѓето кои имаат проблем со рамнотежата.
Ѕидот помага и правилно да го држите телото за време на тренингот.
Фитнес експертите препорачуваат тренингот за пилатес на ѕид, како и секој друг, да почне со загревање на мускулите за да се избегнат повреди.
Загревањето треба да вклучува лесни аеробни вежби, на пример брзо одење, качување по скали и растегнување.
Пилатес вежбите на ѕид што ги препорачува и фитнес инструкторkата Фарзана Клотиа, на ТикТок позната како fazique_, може да ги прават и почетници, но и оние што долго вежбаат.
Разликата е само во бројот на повторувања.
Според неа, еден тренинг треба да вклучува вежби со по 20 до 30 повторувања за напредните вежбачи и 5 до 10 повторувања за истите вежби ако ги прават почетници.
Доколку овие вежби ви се тешки, можете да најдете инспирација за други, слични вежби на ТикТок под хаштагот #wallpilates.
Важно: Ѕидниот пилатес можеби не е најсоодветен за секого, па пред да се одлучите за овој тип на вежбање, треба да се консултирате со експерт.
Видеото со пилатес вежбите на ѕид кои се хит:
@fazique_ ♬ Earned It (From "Fifty Shades of Grey") - Soundtrack Wonder Band
А. Ј. | Црнобело