Го подобрува сексуалниот живот и уште 5 причини зошто да почнете да вежбате пилатес уште денес (18+)

Без разлика дали сакате да се чувствувате подобро, да станете посилни, да изградите мускулна маса или да само да тренирате, пилатесот може позитивно да влијае на квалитетот на вашиот живот.

ima-34-originalni-vezhbi-i-mnogu-zdravstveni-pridobivki-zoshto-da-zapochnete-so-pilates-ushte-denes-01.jpg

Првично наречен „контрологија“, пилатесот стана една од најпопуларните физички активности ширум светот. Развиен на почетокот на 20 век, пилатесот е уметност на контролата на телото, умот и мускулите.

Оригиналната низа од 34 вежби на основачот Џо Пилатес, сè уште е широко користена, а постојат и неколку модерни адаптации.

Од пилатесот има огромни придобивки и е погоден за секого, без разлика на возраста, големината или кој било друг фактор.

Ова се некои од придобивките:

Ја зголемува флексибилноста

Пилатесот вклучува низа вежби за истегнување кои можат да помогнат да се зголеми флексибилноста.

Подобрената флексибилност може да доведе до подобри перформанси во други спортови или кревање тегови, како и да го намали ризикот од повреди.

Ги намалува стресот и анксиозноста

Пилатесот ја нагласува врската помеѓу умот и телото и се фокусира на контролирано дишење и движење. Ова може да помогне да се намалат стресот и анксиозноста.

ima-34-originalni-vezhbi-i-mnogu-zdravstveni-pridobivki-zoshto-da-zapochnete-so-pilates-ushte-denes-02.jpg

Го подобрува вашиот сексуален живот

Пилатесот гради издржливост, сила, подвижност и флексибилност, што може да ги подобри авантурите во вашата спална соба со тоа што ќе ви овозможи да уживате во позициите подолго.

Го намалува ризикот од повреда

Пилатесот е вежба што создава минимален напор на зглобовите. Ова го прави одлична опција за лица со болки во зглобовите или оние кои се опоравуваат од повреда.

Пилатесот, исто така, може да помогне во зајакнувањето на мускулите кои ги поддржуваат зглобовите, намалувајќи го ризикот од идни повреди.

ima-34-originalni-vezhbi-i-mnogu-zdravstveni-pridobivki-zoshto-da-zapochnete-so-pilates-ushte-denes-03.jpg

Го подобрува кардиоваскуларното здравје

Иако пилатесот не вклучува кардио вежби, сепак може да обезбеди придобивки за кардиоваскуларниот систем.

Контролираното дишење и движење можат да помогнат да се подобри циркулацијата во телото, што доведува до подобрување на здравјето на срцето.

Го зголемува мускулниот тонус

Пилатесот користи вежби за отпор и телесна тежина за фокус на одредени мускулни групи.

Ова може да помогне во зголемувањето на мускулниот тонус и дефиниција, особено во рацете, нозете и стомакот.

ima-34-originalni-vezhbi-i-mnogu-zdravstveni-pridobivki-zoshto-da-zapochnete-so-pilates-ushte-denes-04.jpg

Оригиналните 34 пилатес вежби:

15 минути пилатес за одличен почеток на денот:

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg