Позитива на денот: Магариња во Италија се „дадилки“ на новородени јагниња
Понекогаш италијанските овчари ги користат магарињата за оваа симпатична услуга и им даваат улога на „дадилки“ за безбедно да ги пренесат малите јагниња од едно место на друго. Зарем не се преслатки?
Магарињата пренесуваат новородени јагниња од високите пасишта до рамнините во Италија, кога се премногу мали и не можат сами да го направат тоа патување.
Овчарите ставаат специјално приспособени килими на магарињата, кои имаат доволно пространи џебови за да може едно јагне и да ѕирка од нив и да види каде оди.
Има доволно џебови за да можат да превезуваат повеќе јагниња истовремено, односно околу осум.
Кога ќе пристигнат на местото, јагнињата ги вадат од џебовите и ги враќаат кај нивните мајки за да цицаат. Веруваме и дека магарињата уживаат да се дружат со малите пријателчиња, бидејќи јагнињата не се големи, па не им претставуваат тешка работа додека се движат.
M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com